Михаил Корубин

Од Википедија — слободната енциклопедија
Михаил Корубин
Роден(а)11 април 1986(1986-04-11)(38 г.)
Скопје, СР Македонија, СФРЈ
НационалностМакедонец
Познат(а) поСликарство
ПравецСовремена уметност
Мреж. местоhttps://mihailkorubin.com/

Михаил Корубинмакедонски уметник (сликар) (роден 11 април 1986 во Скопје, Македонија).[1]

Корубин е трета генерација на македонски сликари, неговиот дедо уметникот Миле Корубин и неговиот татко уметникот Рубенс Корубин.

Има излагано на повеќе групни и самостојни изложби во Скопје, Њујорк, Торонто, Сен Пол де Ванс, Софија итн.

Образование[уреди | уреди извор]

Михаил завршил на Академијата за ликовна уметност - Скопје, како и постдипломски студии отсек сликарство во класата на Проф. Благоја Маневски.[2]

Творештво[уреди | уреди извор]

Според списанието „Style.No.Chaser“, за Михаил е напишано „Комбинира стилови и техники за да развие примамливи текстури кои се речиси кинематографски по изглед. Михаил го негува фактот дека пораснал во дом каде што уметноста беснеела, а неговите рани уметнички спомени од детството, вградени некаде во главата, понекогаш мистериозно се појавуваат во неговата работа денес.[3]

Тој има создавано колоритни и експресивни портрети во масло и акрилик на платно кои доловувале суптилни гестови кои лесно може да се земат здраво за готово во секојдневните интеракции. Сепак, во неговите дела, овие кратки погледи и движења зборуваат за рамката на умот на една личност. Суштината на неговите дела била да го спои реализмот со апстракцијат, чинејќи се дека лебдечките форми и размачканите бои го формираат говорот на телото на субјектите исто колку и нивните физички одлики.[4]

Корубин е творец на правец на уметнички геометриски симболи кои ги има наречено „Артокенс“.

“Артокенс” кој е кованица од два збора “Арт” и “токен” кои што на кратко би значеле уметнички симболи. Артокените се артистичка репрезентација на одредени и одбрани зборови кои означуваат чувства, емоции, карактери, природни појави итн. Секогаш создадени и оформени од скоро совршени едноставни геометриски форми, како круг, триаголник, квадрат и слично.

Околу самите симболи, Михаил се има искажано во септември 2021:[5]

Преку тие форми целта ми е да обработам еден збор  во еден минималистички запис објаснувајќи го неговото дејство со кое  би му дал значење во форма на симбол. Сите „Артокени“ се цртани рачно од мене и се  претворени во лимитирани едиции на цртежи“.

Проекти[уреди | уреди извор]

Михаил има работено на повеќе музички проекти и концерти како и арт едиции за вино со негов потпис.[6]

Приватен живот[уреди | уреди извор]

Михаил Корубин е оженет со македонскиот музички уметник Каролина Гочева.[7]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Mihail Korubin“. artgalaxie.com. Посетено на 7 октомври 2021.
  2. „Mihail Korubin - Miho“. artistaday.com. Посетено на 7 октомври 2021.
  3. „Expressed Synthesis of Collective Inspiration with Mihail Korubin“. stylenochaser.com. 29 април 2017. Посетено на 7 октомври 2021.
  4. Војновскаја, Настија (19 февруари 2013). „Mihail Korubin-Miho's Expressive Portraits“. hifructose.com. Посетено на 7 октомври 2021.
  5. Сабит, Лејла. „Михаил Корубин со графика која го симболизира „Алкалоид": Ги насликав минатото и сегашноста на нашето здравје“. nezavisen.mk.
  6. „Винарија Камник со нов производ – првото македонско 100% Carménère“. 17 март 2021. Архивирано од изворникот на 2021-10-07. Посетено на 7 октомври 2021.
  7. „Pronašla ljubav svog života: Udaje se Karolina Gočeva“. 19 септември 2017. Посетено на 7 октомври 2021.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]