Миро Церар

Од Википедија — слободната енциклопедија
Миро Церар
Miro Cerar
Премиер на Словенија
На должноста
18 септември 2014 – 13 септември 2018
Претходник Аленка Братушек
Наследник Марјан Шарец
Заменик премиер
На должноста
13 септември 2018 – 13 март 2020
Служи со Аленка Братушек, Карл Ерјавец, Андреј Бертонцељ и Јернеј Пикало
Премиер Марјан Шарец
Претходник Борис Копривникар
Дејан Жидан
Наследник Здравко Почивалшек
Матеј Тонин
Александра Пивец
Minister of Foreign Affairs
На должноста
13 септември 2018 – 13 март 2020
Претходник Карл Ерјавец
Наследник Анже Логар
Пратеник во Народното собрание
На должноста
1 август 2014 – 13 март 2020
Водач на Модерната партија на центарот
На должноста
2 јуни 2014 – 21 September 2019
Претходник Office established
Наследник Здравко Почивалшек
Лични податоци
Роден(а) 25 август 1963(1963-08-25)(60 г.)
Љубљана, СФРЈ, Словенија)
Партија Независен (до 2014)
Модерна партија на центарот (2014-2020)
независен (по 2020)
Установа Љубљански универзитет (дипломиран правник, магистер по право, докторат)
Калифорниски универзитет, Беркли
Потпис

Мирослав Церар Помладиот (попознат како Миро Церар) (Љубљана, 25 август 1963) — словенечки политичар, правник и професор на Правниот факултет во Љубљана. Роден е на 25 август 1963 година во Љубљана. Бил претседател на 12-та влада на Република Словенија.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Миро Церар, син на спортистот и правник Мирослав Церар и политичарката Зденка Церар, која до 2011 година била активен член на партијата „Либерална демократија на Словенија“ (во 2011 година била и потпретседател на партијата). Во 2011, 2012 и 2013 година, Миро бил прогласен за најпочитуван словенечки правен експерт, дванаесет пати бил избран во групата на највлијателни словенечки адвокати.

Во 2010 година ја добил наградата „Златна круша“ за оригиналната словенечка книга „Како им ја објаснив демократијата на децата“, Студентскиот совет на Љубљанскиот универзитет му ја доделил и наградата за најдобар педагог на Правниот факултет.

Во комисијата предводена од Петр Јамбрек, која го пишувала Уставот на Република Словенија, тој соработувал како секретар, бил предавач и ментор на студентите, делувал како поканет предавач, меѓу другото бил Фулбрајтов визитинг професор на Универзитетот Голден Стејт во Сан Франциско.

Миро Церар е редовен професор на Правниот факултет на Љубљанскиот универзитет, каде што предава теорија и филозофија на правото, компаративно право и етика на правните професии.

Политика[уреди | уреди извор]

Во јуни 2014 година настапил на вонредните парламентарни избори кога ја основал својата партија: Партија на Миро Церар (ПМЦ). Веднаш по основањето на партијата тој водел истражување на јавното мислење за изборите. Денес неговата партија се нарекува Партија на модерниот центар (ПМЦ).[2]

Во 2014 година претседателот Борут Пахор го предложил во парламентот како мандатар за состав на новата влада,[3] и на 25 август парламентот го потврдил. Со тоа тој добил овластување да ја формира 12-та влада на Словенија.

Парламентот го потврдил за премиер на 18 септември 2014 година. Владата ја водел до 2018 година, а неколку месеци пред истекот на мандатот поднел оставка поради компликации во реализацијата на проектот „Втора пруга“, чија цел е изградба на пругата Дивача-Копер, која важела за капитален проект на владата на Церар.[4]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Архивирана копија“. Архивирано од изворникот на 26. 06. 2018. Посетено на 31. 05. 2018. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |archive-date= (help)
  2. Fenomen Cerar: Utelešenje pravičnosti in želje volivcev po novih obrazih - RTVSLO.si
  3. Pahor Cerarja predlagal za mandatarja
  4. ŠOK U SLOVENIJI Premijer Miro Cerar podneo ostavku: Danas je kap prelila čašu