Мирослав Вулиќевиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Мирослав Вулиќевиќ за време на пријателскиот натпревар помеѓу Партизан и ПАОК на 8 октомври 2016 година

Мирослав Вулиќевиќ (роден на 29 мај 1985 година) бил поранешен српски професионален фудбалер кој настапувал на позицијата дефанзивец.

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Почетните години[уреди | уреди извор]

Вулиќевиќ започнал да игра фудбал во екипата на Космет од Лепосавиќ, пред да се пресели во составот на Бејн. За првиот тим во Втората лига на СР Југославија за прв пат настапил на 17 годинишна возраст. Во 2004 година, за време на зимскиот преоден рок, Вулиќевиќ се префрлил во екипата на Јавор од Ивањица, каде останал до летото 2009 година. Тој бил член на тимот кој ја освоил првата српска лига во сезоната 2007-08 со сѐуште несрушен рекорд. Во меѓувреме, во првата полусезона од сезоната 2006/07 Вулиќевиќ поминал шест месеци какао позајмен играч во екипата на Борац од Чачак.

Војводина[уреди | уреди извор]

На 17 јуни 2009 година, Вулиќевиќ бил префрлен во екипата на Војводина, заедно со неговиот соиграч Ннаемека Ајуру. Двајцата играчи потпишале тригодишни договори со клубот од Нови Сад.[1] На 30 јули 2009 година, Вулиќевиќ го одиграл својот прв официјален натпревар за составот на Војводина, играјќи цели 90 минути во нерешениот натпревар од 1:1 со екипата на Австрија од Виена. Тој веднаш се наметнал како прв избор за десен бек на тимот, пропуштајќи само еден од вкупно 30 лигашки натпревари во сезоната 2009-2010.

Во зимата 2012 година, по заминувањето на соиграчот Слободан Медојевиќ во екипата на Волфсбург, Вулиќевиќ бил именуван за капитен на тимот од страна на тренерот Дејан Вукиќевиќ. Својот прв натпревар за клубот го имал на 12 мај 2012 година во победата од 2:0 на гостински терен во лигата над неговиот поранешен клуб Борац од Чачак.

На почетокот на 2013 година, Мирослав Вулиќевиќ потпишал нов едногодишен договор со екипата на Војводина.[2] Тој го постигнал својот прв официјален гол за клубот на 27 февруари 2013 година во победата од 2:1 во лигата над составот на Смедерево. Вулиќевиќ одиграл вкупно 26 првенствени натпревари и постигнал три гола во сезоната 2012-13. Со тие резултати бил сместен во идеалниот тим на сезоната.[3]

Партизан[уреди | уреди извор]

Во зимата 2014 година, Мирослав Вулиќевиќ се преселил во екипата на Партизан и тоа преку слободен трансфер, склучувајќи договор со траење на 3 години и половина. Тој му се приклучил на новоименуваниот тренер Марко Николиќ. И двајцата претходно соработувале во екипата на Војводина.[4][5] Исто така, Вулиќевиќ беше еден од тројцата играчи, заедно со Петар Шкулетиќ и Бранислав Трајковиќ, кои направиле преселба од екипата на Војводина во составот на Партизан за време на преодниот рок. Тој го добил дресот со број 4, кој последен пат го носел Мохамед Камара. Откако го пропуштил првиот пролетен натпревар во лигата, поради суспензија од жолти картони, Вулиќевиќ својот прв официјален натпревар за екипата на Партизан го имал на 1 март 2014 година, играјќи ги сите 90 минути во победата од 2:1 над екипата на Раднички од Ниш. Тој се појавил на уште 11 лигашки натпревари до крајот на сезоната 2013-14. На крајот на сезоната клубот на Партизан не успеал да ја освои седмата последователна титула.

На 18 октомври 2014 година, Вулиќевиќ заработил повреда на вкрстените лигаменти за време на белградското дерби, поради што го пропуштил поголемиот дел од сезоната 2014–15.[6][7] Тој се вратил на теренот во месец мај 2015 година, по точно 200 дена отсуство, остварувајќи две асистенции во пријателската победа со 6:1 над екипата на Срем од Јаково.[8] Целосно закрепнат, Вулиќевиќ успеал да одигра два првенствени натпревари, славејќи ја својата прва шампионска титула во новиот клуб.

На 29 јули 2015 година, Вулиќевиќ го постигнал својот прв натпреварувачки гол за екипата на Партизан во првиот натпревар од третото квалификациско коло на Лигата на шампионите на УЕФА против составот на Стеауа од Букурешти. Натпреварот завршил со нерешен резултат од 1:1.[9] Тој го одиграл најголемиот дел од натпреварите на неговиот тим во првата половина од сезоната 2015-16, но главно бил користен како резервен десен бек на соиграчот Иван Бандаловски под водство на новоименуваниот менаџер Иван Томиќ.[10]

Во сезоната 2016-17, Вулиќевиќ остварил рекорд во својата кариера со дури 43 одиграни натпревари во една сезона во сите натпреварувања. Таа сезона му помогнал на тимот на Партизан да ја освои двојната круна.[11] Тој по трет пат во кариерата кариерата бил именуван во најдобрите единаесет играчи во лигата.[12]

Во мецец јуни 2017 година, Вулиќевиќ потпишал двегодишно продолжување на договорот со екипата на Партизан.[13]

Репрезентација[уреди | уреди извор]

На 14 декември 2008 година, Мирослав Вулиќевиќ го одиграл својот прв официјален натпревар за селекцијата на Србија на пријателскиот натпревар во Анталија против репрезентацијата на Полска.[14] Неговиот втор настап за државната репрезентација бил на 7 април 2010 година во Осака на уште еден пријателски натпревар, против репрезентацијата на Јапонија. Во двата натпревари, тимот бил составен главно од играчи кои настапувале во највисоката домашна лига на Србија.

На 6 јуни 2014 година, по четиригодишно отсуство од државната репрезентација, Вулиќевиќ го одиграл својот трет натпревар за селекцијата на Србија, на пријателскиот натпревар кој завршил со пораз од селекцијата на Бразил со 0:1 во Саун Пауло. На тој натпревар влегол во игра во 87 минута како замена за соиграчот Душан Баста.[15]

Статистика[уреди | уреди извор]

Клупска статистика[уреди | уреди извор]

Обновено на 26 Јуни 2019[16]
Клуб Сезона Лигашки натпревари Куп натпревари Континентални натпревари Вкупно
Натпревари Голови Натпревари Голови Натпревари Голови Натпревари Голови
Бане 2001–02 2 0 2 0
2002–03 7 0 7 0
2003–04 16 0 16 0
Вкупно 25 0 25 0
Јавор од Ивањица 2003–04 10 2 0 0 10 2
2004–05 25 0 1 0 26 0
2005–06 13 0 1 0 14 0
2006–07 11 0 0 0 11 0
2007–08 30 1 2 0 32 1
2008–09 33 1 33 1
Вкупно 122 4 4 0 126 4
Борац од Чачак(како позајмен играч) 2006–07 1 0 1 0
Војводина 2009–10 29 0 5 0 2 0 36 0
2010–11 27 0 6 0 33 0
2011–12 25 0 5 0 2 0 32 0
2012–13 26 3 6 0 4 0 36 3
2013–14 15 0 3 0 8 1 26 1
Вкупно 122 3 25 0 16 1 163 4
Партизан 2013–14 12 0 0 0 0 0 12 0
2014–15 10 0 2 0 7 0 19 0
2015–16 19 0 2 0 11 1 32 1
2016–17 35 0 6 0 2 0 43 0
2017–18 22 0 4 0 14 0 40 0
2018–19 9 0 1 0 0 0 10 0
Вкупно 107 0 15 0 34 1 156 1
Вкупно во кариерата 377 7 44 0 50 2 471 9

Меѓународна статистика[уреди | уреди извор]

Репрезентација Година Натпревари Голови
Србија 2008 година 1 0
2009 година 0 0
2010 година 1 0
2011 година 0 0
2012 година 0 0
2013 година 0 0
2014 година 1 0
Вкупно 3 0

Признанија[уреди | уреди извор]

Клупска статистика[уреди | уреди извор]

Јавор од Ивањица
  • Освоена е Српската прва лига: 2007–08
Војводина
  • Освоен е Купот на Србија: Вицешампион 2009–10, 2010–11, 2012–13
Партизан
  • Освоена е Српската Суперлига: 2014–15, 2016–17
  • Освоен е Купот на Србија: 2015–16, 2016–17, 2017–18, 2018–19 ; Вицешампион 2014–15

Индивидуална статистика[уреди | уреди извор]

  • Член на Тимот на сезоната во српската Суперлига: 2012–13, 2013–14, 2016–17[12]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Ađuru i Vulićević i zvanično u Vojvodini“ (Serbian). sportskacentrala.com. 17 June 2009. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 8 January 2014.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  2. „Vulićević i Abubakar ostaju u Voši“ (Serbian). b92.net. 1 February 2013. Посетено на 14 December 2015.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  3. „Stvarno najbolji: Partizan sa petoricom igrača u idealnom timu Superlige“ (Serbian). blic.rs. 27 May 2013. Посетено на 14 December 2015.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  4. „Vulićević potpisao za crno-bele“ (Serbian). sportskacentrala.com. 24 December 2013. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 8 January 2014.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  5. „Vulićević: Dolazim u najveći klub“ (Serbian). b92.net. 24 December 2013. Посетено на 8 January 2014.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  6. „Strašne vesti za Partizan: Vulićeviću stradali ligamenti, pauza pola godine!“ (Serbian). mozzartsport.com. 20 October 2014. Посетено на 5 July 2015.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  7. „Vulićević: Vraćam se za titulu“ (Serbian). b92.net. 21 October 2014. Посетено на 5 July 2015.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  8. „Veliki povratak Miroslava Vulićevića: Zaigrao posle 200 dana i odmah upisao dve asistencije“ (Serbian). mozzartsport.com. 6 May 2015. Посетено на 5 July 2015.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  9. „Steaua - Partizan 1-1. Varela a amânat destinul calificării“ (Romanian). digisport.ro. 29 July 2015. Посетено на 12 May 2017.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  10. „Tomić već sklopio odbranu: Bandalovski pre Vulićevića, iznenanđenje na levom beku, novi i štoperi“ (Serbian). mozzartsport.com. 1 February 2016. Посетено на 12 May 2017.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  11. „Milenković doneo duplu krunu Partizanu!“ (Serbian). b92.net. 27 May 2017. Посетено на 14 July 2017.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  12. 12,0 12,1 „SLS: Đurđević igrač sezone, Nikolić najbolji trener!“ (Serbian). rtvbn.com. 30 May 2017. Посетено на 24 November 2017.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  13. „Partizan od danas na Zlatiboru“ (Serbian). partizan.rs. 14 June 2017. Посетено на 9 August 2017.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  14. „Srbija - Poljska 0:1 - poraz koji ne boli“ (Serbian). mondo.rs. 14 December 2008. Посетено на 12 May 2017.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  15. „Brazil 1–0 Serbia“. BBC Sport. 6 June 2014. Посетено на 24 August 2020.
  16. Мирослав Вулиќевиќ на soccerway

Надворешни врски[уреди | уреди извор]