Милан Стаматовски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Милан Стаматовски ( 1918 во Беловиште (Тетовско)1944 во Штрпце, Тетовско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Потекнувал од сиромашно земјоделско семејство. По завршеното основно училиште се занимавал со земјоделство, а работел и како рудар во Радуша. Од почетокот на 1943 година, организирано работел против окупаторот. Материјално ги помагал партизаните. Кон крајот на летото 1943 година и самиот стапил во Шарпланинскиот партизански одред. Со главнината на одредот, во септември истата година, заминал за Западна Македонија. По некое време дел од одредот на Шар Планина бил провален и разбиен. Тој добил задача да оди по селата да воспостави врска. Откако ја извршил задачата се вратил на Шар Планина, но не успеал да се поврзе со одредот. Во меѓувреме одредот заминал за Штрпце. Како илегалец живеел во околината на своето село. Пролетта 1944 година се приклучил кон новата партизанска група, развивајќи политичка активност по селата. При извршување на една добиена задача во април 1944 година попаднал во заседа. Бугарските фашисти го заробиле, а потоа го одвеле во Скопската полиција и душмански го претепале. Иако познавал многу партизански соработници, ништо не признал на бугарскиот окупатор. Затоа бугарската фашистичка полиција го стрелала близу Штрпце, каде бил доведен за да ги предаде активистите на НОВ.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Стрелани во втората провала (април, 1944 година) од страна на бугарската полиција биле ѝ:

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив - Скопје. 1969. стр. 131. На |first= му недостасува |last= (help)