Мејанкиели

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Мејанкиели јазик)
Мејанкиели
meänkieli
Застапен воШведска, Финска
ПодрачјеТурнска Долина
Говорници40.000-70.000  
Јазично семејство
Статус
Службен вопризнаен малцински јазик во Шведска
Јазични кодови
ISO 639-3fit

Мејанкиели (meänkieli = „наш јазик“) е јазик (или збир од дијалекти) во групата на угрофинските јазици што се зборува во Шведска. Има доста сличности со дијалектите на финскиот јазик но денес не се смета за таков и е признат како малцински јазик во Шведска. Јазикот често се нарекува и како торне-долински јазик.

Мејанкиели се одделил од финскиот јазик во XIX и XX век. Содржи доста заемки од други јазици, најчесто од шведскиот.