Методија Илиевски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Методија Илиевски
Роден 20 април 1914
Битола, Кралство Србија
Починал 1984
Скопје, СФРЈ
Националност Македонец
Занимање оперски пејач

Методија Илиевски - Креола (роден на 20 април 1914 година во Битола - починал во 1984 година во Скопје) — македонски оперски пејач.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Илиевски пеење научил приватно кај Ст. Липша. Во Операта на МНТ бил од 1948 до 1972 година. Во почетокот како член на Хорот, а подоцна како солист, бил носител на басовскиот репертоар во првите две децении од дејноста на Операта. Остварил повеќе од 45 помали и поголеми улоги, меѓу кои позначајни се: Дон Базилио (Севилскиот бербер), Дулкамара (Љубовен напиток), Филип (Дон Карлос), Спарафучиле (Риголето), Цар Самуил во истоимената опера од К. Македонски. Поседувал мек и пријатен глас со басовско-баритонски тембр.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Илиевски“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 598. Text "series " ignored (help)