Месечеви мени

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Анимација на Месечината додека минува низ сопствените мени, гледано од северната полутопка. Привидното лулање на Месечината е познато како либерација. Привидната промена на големината е поради екцентричноста на месечевата орбита.

Месечевите мени или фази на месечината — облик на осветлениот дел на Месечината што се набљудува од луѓето, кои се на површината на Земјата. Месечевите мени се менуваат кружно како што Месечината орбитира околу Земјата, во согласност со менувањето на релативната положба на Земјата, Месечината и Сонцето. Месечината и Земјата се плимно сврзани, и поради тоа од Земјата секогаш се гледа истата страна на Месечината. Ова согледување е различно поради осветленоста која доваѓа од Сонцето и зависи од положбата на Месечината во својата орбита. Затоа, делот од полутопката кој е видлив за набљудувачите на Земјата може да се менува од 100% (полна месечина) до 0% (млада месечина). Месечевиот самрак е границата помеѓу осветлените и затемнетите области на Месечината. Покрај неколку кратери во близина на месечевите полови како Шумејкер, сите останати делови на Месечината добиваат околу 14.77 дена на сончева светлина проследено со 14.77 денови ноќ (темната страна на Месечината е ознака која се однесува на радио тишината (а не на одсуството на светлина).

Четирите главни фази на месечината се прва четвртина, полна Месечина, трета четвртина, и млада Месечина (третата четвртина е исто познато како последна четвртина на Месечината). Секоја од четирите мени на Месечината трае околу 7 дена (~7.4 дена), но се менува незначително поради месечевата периапсида и перигејот.

Ова се случаите кога, привидната месечева небесна ширина од која се одземува привидната сончева геоцентрична небесна ширина се добиваат вредностите 0°, 90°, 180° and 270°.

месечевите мени, гледани од северната полутопка. На јужната полутопка ќе ги гледаат истите мени завртени за 180°. Во горниот дел на дијаграмот не е во соодветен размер, бидејќи Месечината е подалеку отколку што е прикажано на сликата.

Во Западната Култура, на месечевите мени им се давани следниве имиња:

Полумесечина над земјиниот хоризонт на слика снимена од член на екипажот на Експедицијата 24.