Мерл Хагард

Од Википедија — слободната енциклопедија
Мерл Хагард
Мерл Хагард на настап во живо во 1971
Животописни податоци
Родено имеМерл Роналд Хагард
Роден(а)6 април 1937(1937-04-06)
Оилдејл, Калифорнија, САД
Починал(а)6 април 2016(2016-04-06) (возр. 79)
Пало Кедро, Калифорнија, САД
Жанрови
ЗанимањаПејач, текстописец, музичар
Инструменти
  • Пеење
  • гитара
  • виолина
Период на активност1963–2016
Издавачи

Мерл Роналд Хагард (англиски; Merle Ronald Haggard; 6 април 1937 година - 6 април 2016) ― американски кантри-пејач, текстописец, гитарист и виолинист.

Мерл Хагард е роден 6 април 1937 година во Оилдејл, Калифорнија. Имал тешко детство по смртта на неговиот татко, а во младоста неколку пати бил во затвор. Откако бил ослободен од Државниот затвор Сан Квентин во 1960 година, Хагард успеал да го промени својот живот и започнал успешна кариера во кантри-музиката. Тој стекнал популарност со песните за работничката класа; некои негови песни содржеле стихови спротивни на бунтот против Виетнамската војна кои пак биле често затапени во популарната музика во тоа време. Во периодот од 1960-тите до 1980-тите, Хагард имал 38 песни кои се искачиле на прво место на топ-листите за кантри-музика во САД, а неколку од нив се пласирале и на Билбордовата топ-листа за сите жанрови. Хагард продолжил да издава успешни албуми и во 2000-тите.

Мерл Хагард добил многу награди и признанија за неговиот придонес во музиката, како: Признание од Кенедиевиот Центар (2010); Греми награда за животно дело (2006); награда „Икона на BMI“ (2006);[1] и бил внесен во Куќата на славата на текстописците во Нешвил (1977); [2] Куќата на славата на кантри музиката (1994) [3] и Куќата на славата на музиката од Оклахома (1997 година).[4]

Починал на 6 април 2016 година, на неговиот 79-ти роденден, на неговиот ранч во округот Шаста, Калифорнија, откако претходно заболел од двојна пневмонија.[5]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Top BMI Writers, Publishers Honored at 54th Annual Country Awards; Merle Haggard Saluted as BMI Icon“. bmi.com. November 4, 2006. Посетено на September 30, 2010.
  2. „Merle Haggard“. Nashville Songwriters Hall of Fame. Архивирано од изворникот на July 27, 2015. Посетено на April 9, 2016. Induction year: 1977
  3. „Full List of Inductees“. Country Music Hall of Fame. April 6, 1937. Архивирано од изворникот на March 31, 2013. Посетено на April 16, 2013.
  4. „Inductees“. Oklahoma Music Hall of Fame. Архивирано од изворникот на April 19, 2013. Посетено на April 16, 2013.
  5. Friskics-Warren, Bill (April 6, 2016). „Merle Haggard, Country Music's Outlaw Hero, Dies at 79“. The New York Times. Посетено на April 7, 2016.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]