Марко Крале и самовилата

Од Википедија — слободната енциклопедија

Марко Крале и самовилата (српски: Марко Краљевиһ и вила) е српска епска, јуначка песна.

Содржина[уреди | уреди извор]

Крале Марко и неговиот побратим, војводата Милош, јаваат низ планината Мироч. Крале Марко го фаќа дремка, па го замолува побратимот да му запее, но тој се плаши од самовилата Равијојла, која му се заканила дека ќе го убие, ако го слушне како пее. Крале Марко му одговара дека воопшто не треба да се плаши, па Милош почнува да пее, а Марко запсива. Песната ја слуша самовилата, која се разлутува и го убива војводата Милош. Тогаш, Марко се буди и ја брка самовилата низ планината. За да се спаси, таа летнува на небото, но Марко го фрла боздоганот, ја соборува на земјата и продолжува да ја тепа. Самовилата го моли да ја пушти за да набере лековити билки и така му ги залечува раните на Милош. Потоа, Марко и Милош го продолжуваат својот пат кон Видин, а самовилата ги предупредува другите самовили да не го задеваат Крале Марко.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Војислав Ђурић, Антологија српских народних јуначких песама. Београд: Српска књижевна задруга, 2012, стр. 100-103.