Маргит (остров)

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Водената кула, позната атракција на островот Маргарет.

Маргит (унгарски: Margitsziget[1][2]) или Маргитин остров e остров кој се наоѓа во средишниот дел по течението на реката Дунав низ Будимпешта. Тој е долг 2.5 km и зафаќа површина од 0.965 километри квадратни. Островот се состои од парк и е популарна рекреатицвна атракација како за туристите, така и за локалците. Островот лежи меѓу мостовите Маргарет (југ) и Арпад (север). Клубови, базени, аква парк, атлетички и фитнес центри, патеки за велосипеди и трчање може да се најдат околу островот. За време на денот, островот во главно е зафатен со луѓе посветени на спортот или кои само се одмораат. За време на летото (најчесто за време на викендите), најчесто млади луѓе одат на островот на ноќни завави на некоја тераса од островот, или одат на рекреација со шише алкохол клупа или во трева (оваа форма на завава некогаш се нарекува забава на клупа)

Неговиот денешен лик е добиен со поврзувањето на трите посебни острови, Фесто, Фурдо и Нулак, во периодот кон крајот на 19-от век со цел да го контролира текот на Дунав. На почетокот островот се наоѓал на 102.5 метри надморска височина, но сега таа е зголемена на 104.85 метри надморска височина, со цел да се контролираат поплавите.[3]

Име[уреди]

За време на Средниот век островот се викал Nyulak szigete (македонски : Остров на зајците). Денешното го име го добил според Света Маргарет (1242–1270) ќерка на унгарскиот крал Бела IV која живеела во доминиканскиот манастир на островот. Островот бил познат и под други унгарски имиња како: Nagyboldogasszony-sziget, Úr-sziget, Budai-sziget, Dunai-sziget, Nádor-sziget, Palatinus-sziget за време на различни периоди од историјата. (Значењето на имињата е следново: Остров на нашата дама, Остров на нобеловците, Буда остров, Дунав остров, Палатин остров.)

Најзначајни атракции[уреди]

Најпознати објекти на островот се:

  • Споменикот „век“, кој одбележува сто години од обединивањето на Будим и Пешта;
  • Мала јапонска градина со термален рибник;
  • Мала зоолошка градина со егзотични водопади;
  • „Музичка фонтана“, фонтана од која што свири класична музика со светлоски ефекти;
  • Октагоналната водена кула висока 57 m;

Музичката фонтана и Водената кула се дел од светското културно наследство на УНЕСКО. На островот се наоѓаат и многубројни спортски објекти.

Галерија[уреди]

Наводи[уреди]

  1. германски: Margaretheninsel, српски: 'Margitino ostrvo'
  2. (хрватски) Croatica Kht.: Rólunk Pola stoljeća u Budimpešti, May 24, 2007
  3. http://www.aviewoncities.com/budapest/margaretisland.htm

Надворешни врски[уреди]