Мал нуркач
| Мал нуркач | |
|---|---|
| Перја во сезона на парење | |
| Нормални перја | |
| Заштитен статус | |
| Научна класификација | |
| Царство: | Animalia |
| Колено: | Chordata |
| Класа: | Aves |
| Ред: | Podicipediformes |
| Фамилија: | Podicipedidae |
| Род: | Tachybaptus |
| Вид: | T. ruficollis |
| Биномен назив | |
| Tachybaptus ruficollis (Pallas, 1764) |
|
| Парење Низ годината Во зима | |
| Синоними | |
|
Podiceps ruficollis |
|
Малиот нуркач или шутка (Tachybaptus ruficollis) е водна птица од фамилијата нуркачи која е распространета во Стариот свет. Самиот мал нуркач е распространет во Палеарктикот.
Содржина |
Физички опис [уреди]
Најмал од сите нуркачи. Масата на телото изнесува 110-370 g, а должината на крилјата 90-111 mm. Општата боја на врвот е црно-кафеава, а долниот дел е валкано бел. Образите и предниот дел од вратот се костенливо-црвенкасти, боковите на телото се црно-кафеавкасти со светли шари. Летачките пердуви се кафеави, на сложеното крило е видлив бел одблесок. Клунот е црн со бел врв. Очите се жолти, а шареницата на окото е црвеникаво-кафеава. Тарзусот и стапалата се сивкасто-зелени.
Општата боја на зимското перје е посветла и позаматена. Нема костенливо-црвена боја на образите и предниот дел од вратот. Светлата жолтозелена боја на аголот од устата отсуствува. Меѓутоа, од останатите нуркачи во овој период се разликува по окер-црвената боја.
Подвидови [уреди]
Во зависност од големината и тоновите на бојата се разликуваат 9 подвидови од оваа птица:
- T. r. ruficollis — Европа, Северна Африка.
- T. r. iraquensis — југоисточен Ирак, југозападен Иран.
- T. r. capensis — Африка на југ од Сахара, Мадагаскар, Шри Ланка, Индустан на исток до Мијанмар.
- T. r. poggei
- T. r. philippensis
- T. r. cotobato
- T. r. tricolor
- T. r. volcanorum
- T. r. collaris.
Поврзано [уреди]
Наводи [уреди]
- ↑ BirdLife International (2008). „Tachybaptus ruficollis“. Црвен список на МСЗП - загрозени видови во 2008 година. МСЗП 2008. Вчитано на 2008-11-01.