Лицнеста жица
Лицнеста жица — спроводна жица која е приспособена за пренос на струја на високи честоти. Секоја жица се состои од лицни (тенки жички) кои меѓу себе се електрично изолирани. Идеално, лицните се преплетени за да ја формираат финалната жица. Кај лицнестата жица во трговијата, овие лицни најчесто се усукани.
Причини за нејзино користење
[уреди | уреди извор]Заради површинскиот ефект, на обичната бакарна жица, која нормално има мала отпорност, при течење на струја со висока честота ѝ се зголемува нејзината импеданса. Заради тоа, користењето на стандардна бакарна жица во електромагнетите и трансформаторите кои работат на високи честоти може да доведе до катастрофа: импедансата на жицата многу се зголемува и загубите заради Џуловиот ефект во жиците може да доведат до екстремно битно зголемување на температурата. Користењето на лицнеста жица овозможува да се намалат овие проблеми.
Состав
[уреди | уреди извор]За да се избегне овој ефект, доволно е жицата да се подели на тенки лицни, електрично изолирани меѓу себе. Секоја од овие лицни треба да има пречник помал од дебелината на површинскиот ефект (скин-дебелината) на работната честота. Ова не е доволно за надминување на проблемот заради ефектот на близина кој ја прави отпорноста на жицата голема при високи честоти, бидејќи струјата не се распределува подеднакво меѓу лицните. За надминување на проблемот на близина, потребно е секоја лицна да ја менува својата позиција, односно да не биде постојано на исто место. Така, струјата се распределува подеднакво меѓу лицните. Еден начин за тоа е лицните да се преплетат или усукаат меѓу себе.
Во пракса
[уреди | уреди извор]Треба да се избере пречник на лицнестите во функција од честотата на која ќе се работи, така што нивниот пречник биде помал од скин-длабината. Вкупниот пречник на жицата е во функција од струјата која ќе тече низ неа и потребната импеданса. Постојат таблици кои ги даваат овие зависности.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Пречник на лицнестите во функција од работната честота Архивирано на 18 септември 2015 г.