Легхемоглобин

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Лентест модел на легхемоглобинот на сојата (Glycine max), со хемот претставен во облик на сфери.

Легхемоглобинот е хембелковина кој пренесува кислород и се наоѓа во азотофиксирачките коренови нодули на бобовите (легуми) и некои други растенија. Тој образува неколку паралогни форми кои содржат 145 до 150 аминокиселини.

Функција[уреди]

Инфекцијата со азотофиксирачки бактерии води и до формирање на легхемоглобин. Деловите од коренот кои не се инфицирани со нодулни бактерии не произведуваат легхемоглобин. Легхемоглобинот е еволутивно близок со миоглобинот и хемоглобинот и има мошне слична терциерна структура. Како и другите хембелковини, и тој има способност да го врзува кислородот повратно. Со ова, легхемоглобинот одржува ниски концентрации на слободен кислород во кореновите нодули. Ова е многу важно за да постои функционална симбиоза со нодулните бактерии. Нитрогеназниот комплекс на бактериите е многу осетлив на кислород, па дури и ниски концентрации можат да го инактивираат комплексот, а со тоа и азотната фиксација.

Легхемоглобинот има приближно десет пати поголем афинитет за кислород отколку β-ланецот на човечкиот хемоглобин. Овој афинитет значи дека концентрацијата на кислород во ткивата и бактериите е доволно ниска така што нитрогеназата не го отежнува метаболизмот на бактеријата и растението, туку дава доволно кислород за клеточното дишење. Затоа, дејството на легхемоглобинот е директно споредливо со тоа на хемоглобинот.

Претходно се сметало дека оваа белковина ја синтетизира растението. Но, Обрајан покажал дека и бактеријата, и растението се вклучени во синтезата. Растението го произведува апобелковината додека бактеријата го синтетизира хемот[1]. Други истражувања дури укажуваат на тоа дека дел од глобинот се произведува од бактеријата.[2]

Еволутивно дрво[уреди]

Анализата на аминокиселинската низа на глобините ја потврдува врската на легхемоглобинот со миоглобинот и хемоглобинот. Првата поделба на две класи на глобини — легхемоглобин и хемоглобин — се случила пред околу 800 милиони години.

Наводи[уреди]

  1. O'Brian MR, Kirshbom PM, Maier RJ, et al (1987). „Bacterial heme synthesis is required for expression of the leghemoglobin holoprotein but not the apoprotein in soybean root nodules“. „PNAS“ 84 (23): 8390-3. doi:;. 
  2. Santana MA, Pihakaski-Maunsbach K, Sandal N, (1989). „Evidence that the plant host synthesizes the heme moiety of leghemoglobin in root nodules“. „Plant Physiol“ 116 (4): 1259-69. doi:;. 

Надворешни врски[уреди]