Клеточно дишење

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Во рамките на метаболизмот во живите организми, клеточното дишење е процес во текот на кој се оксидираат молекулите од храната (на пример, глукозата се оксидира во јаглерод диоксид и вода). Енергијата која притоа се добива се заробува во високоенергетското соединение ATP и се користи за одвивање на сите активности во клетката за кои таа е потребна.

Клеточното дишење се нарекува и внатрешно дишење, за разлика од надворешното дишење кое претставува размена на кислородот и јаглеродниот диоксид меѓу алвеолите (од белите дробови) и надворешната средина (атмосферата). Кислородот, преку хемоглобинот од крвта се пренесува до сите клетки од телото, по што во нив настанува клеточното дишење. Исто така, и ресорбираните хранливи материи од дигестивниот систем во вид на мономери се пренесуваат преку крвта до клетките.

Клеточното дишење се случува во две фази:

  • Гликолиза, разградба на глукозата до пируват
  • Целосна оксидација на пируватот до јаглероден диоксид и вода

Кај еукариотните организми, гликолизата се одвива во цитоплазмата. Останатите процеси од клеточното дишење се одвиваат во митохондриите.

Цел на клеточното дишење[уреди]

Целта на клеточното дишење е да ги собира електроните од органските соединенија како што е гликозата и притоа добиената енергија да ја инкорпорира во АТР. За возврат, АТР се користи да овозможи енергија за работата на клетката. АТР може да се претстави како мал пакет на енергија кој има точна количина на енергија која може да се користи за одредена клеточна активност.

Видови на клеточно дишење[уреди]

Постојат два основни видови на клеточно дишење: аеробно и анаеробно. За аеробното е потребно присуство на кислород, а за анаеробното не. Постојат неколку видови на анаеробно дишење, а најпознат е процесот наречен ферментација.