Лазарица (Крецово)

Координати: 41°00′53″N 22°42′30″E / 41.0146° СГШ; 22.7083° ИГД / 41.0146; 22.7083
Од Википедија — слободната енциклопедија
Лазарица
Τούμπα Λαζαρίτσα
Арџанското Езеро и ридот Лазарица на заден план
Карта
МестоКрецово, Кукушко
ОбластЕгејска Македонија, Грција
Координати41°00′53″N 22°42′30″E / 41.0146° СГШ; 22.7083° ИГД / 41.0146; 22.7083
Видград
Историја
Раздобјекласично и хеленистичко
Белешки за наоѓалиштето
Состојбаурнатини
Прогласено заспоменик на културата

Лазарица (грчки: Τούμπα Λαζαρίτσα) — археолошко наоѓалиште кај селото Крецово, Кукушко, Егејска Македонија.[1]

Ридот се наоѓа на 1,5 км северно од патот Кукуш - Ругуновец и на слично растојание северозападно од селото. Тука има остатоци од праисториска населба[2] и значителен древномакедонски град од класично и хеленистичко време. Во подножјето на ридот е откриена некропола со гробови од типот циста.[1] Во месноста Киреч веднаш јужно од Крецво на два ниски рида се пронајдени старини, прогласени за споменици на културата.[2]

Во 1986 г. наоѓалиштето Лазарица е прогласено за заштитен споменик на културата, а во 1996 г. неговиот просторен опфат е проширен.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 „ΥΑ ΥΠΠΟ/ΑΡΧ/Α1/Φ43/57683/3282 π.ε./17-4-1996 - ΦΕΚ 294/Β/3-5-1996“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 9 јули 2021. Посетено на 26 јуни 2018.
  2. 2,0 2,1 „архивски примерок“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 24 јануари 2021. Посетено на 26 јуни 2018. Занемарен непознатиот параметар |заглавие= (help)