Лагуна Лачуа
Од Википедија, слободната енциклопедија
| Лагуна Лачуа Laguna Lachuá |
|
|---|---|
| Место | Кобан, |
| Координати | |
| Тип | Карстно езеро (сеноте) |
| Главен прилив | Пејан |
| Главен истек | Лачуа |
| Земји во сливот | Гватемала |
| Површина | 4 km² |
| Макс. длабочина | 222 m |
| Надм. височина на површината | 173 m |
Лагуна Лачуа (шпански: Laguna Lachuá) е карстно езеро сместено во Гватемала. Сместено е во средината на национален парк кој покрива тропска дождовна шума, северозападно од Кобан, во близина на границата помеѓу департманите Алта Верапаз и Ел Квиче. Поради кружниот облик се смета дека езерото е сеноте. Езерската вода е високо сулфурна, што го објаснува и самото име на езерото: "Lachuá" кое според мајанскоит кекчи јазик "li chu há" значи "смрдлива вода". Водата содржи високо ниво на калцит.[1]
Национален парк[уреди]
Во 1976 површината од 145 km2 околу езерото ( ) била прогласена за национален парк.
