Курбан Бајрам

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Курбан Бајрам, трае 4 дена (10-13 зулхиџет, односно дванаесеттиот месец според арапскиот календар) и се вика таканаречениот празник на жртвата затоа што тогаш се принесува жртва - курбан, обично овни и им се делат на сиромасите.

На првиот ден од празникот се изведува молитвата за Бајрам - Бајрам намаз, со која верниците бараат милост од Алах. Карактеристично за овој празник е принесувањето жртва - курбан која има симболика на приближување кон Бога. Обичајот го изведуваат сите кои имаат можност за тоа. Оние кои принеле жртва, потоа раздаваат од месото на сиромашните, соседите и роднините. На овој ден се крунисува аџилакот на аџиите кои отишле да се поклонат на Светата Ќаба во Мека.

Курбан Бајрам според грегоријанскиот календар[уреди]

Види исто така: Исламски календар

Курбан Бајрам секогаш паѓа во ист ден според исламскиот календар, но според грегоријанскиот календар датумот е различен од година во година бидејќи исламскиот каледнар е лунарен календар а грегоријанскиот каледнар е соларен календар. Лунарниот календар е приблиќно 11 дена пократок од соларниот календар. Секоја година, Курбан Бајрам (како и другите исламски празници) се празнува на една од две различни грегоријански дати во различни делови од светот.

Следниов список претставува список на официјални датуми кога се прославува Курбан Бајрам во Саудиска Арабија според прогласите на Врховниот совет. Датумите во иднина се пресметани според Umm al-Qura календарот на Саудиска Арабија.[1]

  • 1400 (Исламски календар): октомври 17, 1980
  • 1401 (Исламски календар): октомври 6, 1981
  • 1402 (Исламски календар): септември 26, 1982
  • 1403 (Исламски календар): септември 15, 1983
  • 1404 (Исламски календар): септември 4, 1984
  • 1405 (Исламски календар): август 24, 1985
  • 1406 (Исламски календар): август 14, 1986
  • 1407 (Исламски календар): август 3, 1987
  • 1408 (Исламски календар): јули 23, 1988
  • 1409 (Исламски календар): јули 12, 1989
  • 1410 (Исламски календар): јули 2, 1990
  • 1411 (Исламски календар): јуни 21, 1991
  • 1412 (Исламски календар): јуни 10, 1992
  • 1413 (Исламски календар): мај 30, 1993
  • 1414 (Исламски календар): мај 20, 1994
  • 1415 (Исламски календар): мај 9, 1995
  • 1416 (Исламски календар): април 28, 1996
  • 1417 (Исламски календар): април 17, 1997
  • 1418 (Исламски календар): април 7, 1998
  • 1419 (Исламски календар): март 27, 1999
  • 1420 (Исламски календар): март 16, 2000
  • 1421 (Исламски календар): март 5, 2001
  • 1422 (Исламски календар): февруари 22, 2002
  • 1423 (Исламски календар): февруари 11, 2003
  • 1424 (Исламски календар): февруари 1, 2004
  • 1425 (Исламски календар): јануари 20, 2005 прогласено (пресметана дата: јануари 21, 2005)
  • 1426 (Исламски календар): јануари 10, 2006 прогласено (пресметана дата: исто)
  • 1427 (Исламски календар): декември 30, 2006 прогласено (пресметана дата: декември 31, 2006)
  • 1428 (Исламски календар): декември 19, 2007 прогласено (пресметана дата: декември 20, 2007)
  • 1429 (Исламски календар): декември 8, 2008 прогласено (пресметана дата: исто)
  • 1430 (Исламски календар): ноември 27, 2009 прогласено (пресметана дата: исто)
  • 1431 (Исламски календар): ноември 16, 2010 прогласено (пресметана дата: исто)
  • 1432 (Исламски календар): ноември 6, 2011 прогласено (пресметана дата: исто)
  • 1433 (Исламски календар): октомври 26, 2012 (пресметано)
  • 1434 (Исламски календар): октомври 15, 2013 (пресметано)
  • 1435 (Исламски календар): октомври 4, 2014 (пресметано)
  • 1436 (Исламски календар): септември 23, 2015 (пресметано)
  • 1437 (Исламски календар): септември 11, 2016 (пресметано)
  • 1438 (Исламски календар): септември 1, 2017 (пресметано)
  • 1439 (Исламски календар): август 21, 2018 (пресметано)
  • 1440 (Исламски календар): август 11, 2019 (пресметано)
  • 1441 (Исламски календар): јули 31, 2020 (пресметано)
  • 1442 (Исламски календар): јули 23, 2021 (пресметано)

Наводи[уреди]

  1. http://www.phys.uu.nl/~vgent/islam/ummalqura.htm Umm al-Qura Kалендар на Саудиска Арабија (англиски)

Надворешни врски[уреди]