Кулата Двејра

Од Википедија — слободната енциклопедија

 

Кулата Двејра
Дел од Кулите Ласкарис
Двејра, Сан Лоренц, Гозо, Малта

Тип Крајбрежна Караула
Координати 36°2′58.1″N 14°11′31.4″E / 36.049472° СГШ; 14.192056° ИГД / 36.049472; 14.192056
Изграден 1652
Изградил Орден на Свети Јован
Градежни
материјали
Варовник
Во употреба 1652–1873
1914–1940
Тековна
состојба
Недопрена
Тековен
сопственик
Владата на Малта
Отворен за
јавноста
Да
Под управа на Дин I-Арт Хелва
Битки/војни Втора Светска Војна

Кулата Двејра е мала караула во заливот Двејра, Сан Лоренц, која се наоѓа на островот Гозо во Малта. Била завршена во 1652 година и е дел од кулите Ласкарис. Денес е во добра состојба и е отворена за јавноста.

Таа е една од четирите преживеани крајбрежни караули во Гозо, а другите се кулата Сленди, кулата Мгар икс Сини и кулата Исопу.

Историја[уреди | уреди извор]

Кула Двејра била изградена во 1652 година за време на управата на голем мајсторот Џовани Паоло Ласкарис, и била финансирана од Универзитетот на Гозо. Таа е една од кулите на Ласкарис, а намерата зад нејзината изградба била да служи како стражарна кула и да чува околните подрачја од напади на корсарите. Оваа кула, исто како и другите кули, можела да комуницира со блиските одбранбени утврдувања преку оган и дим, ноќе и ден. Трошоците за одржување на кулата биле покриени со производство на сол од соланите во близина. Во 18-тиот век била опремена со три топови. Во 1744 година, големиот мајстор Пинто направил забрана за посети на Каменот на Фунгусот бидејќи се верувало дека габите што растеле таму имале лековити моќи, а Кулата Двејра се користела како стражарница за да се спречи некој да се качи на островот.

Кулата била управувана од артилерија на Кралската Малта, помеѓу 1839 и 1873 година.А за време на Првата светска војна ја бранела Чета број 3, со два (подоцна четири) топа. Повторно била користен во Втората светска војна како место за набљудување, а на 27 март 1943 година, капетанот Френк Дебоно и Кармело Захра, кои биле стационирани таму, спасиле пилот на РАФ кој се срушил со својот Марк Вб Спитфајр на карпите со поглед на заливот.

Кулата му била дадена под закуп на Џералд де Трафорд во 1956 година.

Денешен ден[уреди | уреди извор]

Кулата Двејра со Азурниот прозорец во позадина

Кулата била обновена од Дин л-Арт Челва помеѓу 1997 и 1999 година. Сега е во одлична состојба и е отворена за јавни посети бесплатно.

Во популарната култура[уреди | уреди извор]

  • Кулата Двејра била искористена за снимањето на филмот „Богатство“ во Малта од 1963 година и филмот „Меѓу волците“ од 1985 година.

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]