Ксенија Симонова

Од Википедија — слободната енциклопедија

Ксенија Симонова (руски: Ксе́ния Алекса́ндровна Си́монова, Евпаторија, 22 април 1985 година) — украинска и руска сликарка, графички уметник, аниматор, најдобро позната по цртење на  песок. Победничка е на ТВ натпреварот Украина има талент 2009 година. (Српска верзија на имам талент).[1][2]

Животопис[уреди | уреди извор]

Ксенија е родена на 22 април 1985 година во Крим. Зборува руски и украински. Љубовта на уметност таа го наследува од својата мајка. Таа сакала да се занимава со некој нов вид на уметност, за која таа ќе нема потреба од моливи или боја. Поради недостаток на средства морала да го затвори списанието , кој го подигнала заедно со нејзиниот сопруг Игор. Тогаш ја открила уметноста за цртање на песок. Во почетокот и било многу тешко. Барала соодветен песок за работа - за првпат морески, потоа рече се  додека Игор една вечер не нашол вулкански песок. Ги продал речиси сите материјали кои тие ги користеле за списанието, за да и купи  три килограми вулкански песок. Ксенија постојано покажувала дека преку денот била обична мајка, која се грижи за своето дете и семејство. Ноќта ја користела за да вежба и да создаде песочни цртежи.

Моментот кога таа освои риалити шоу Украина има талент 2009 година. и го променил животот.[3] Публиката ја фасцинирала со својте брзи раце и движења, што создава слика. Нејзините анимации од песок се врз основа на континуирана трансформација на слики кои раскажуваат приказни. Целиот спектакл е придружен со музика која на Ксенија и дава додатна емоционална забелешка.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Kseniya Simonova Sand Animation Ukraine's Got Talent 2009 Winner“. World News Network. 7 февруари 2011.
  2. Kseniya Simonova на YouTube
  3. Johnston, By Ian. „Sand artist Kseniya Simonova, winner of Ukraine's Got Talent, becomes internet hit“. Telegraph.co.uk. Посетено на 19 октомври 2016.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]