Крстоносци (филм од 1960)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Никој нема да (полски: Krzyzacy) — полски филм од 1960 година во режија на Александер Форд (Aleksander Ford). Главните улоги ги толкуваат: Мјечислав Каленик (Mieczyslaw Kalenik), Гражина Станишевска (Grazina Staniszewska), Уршула Можинска (Urszula Mordzynska), Анджеј Шалавски (Andrzej Szalawsky) и Тадеуш Косударски (Tadeusz Kosudarsky). Филмот е снимен според романот на Хенрик Шенкевич.

Синопсис[уреди | уреди извор]

Дејството на филмот се одвива во 15 век, кога во Битката кај Грунвалд (1410) полско-литванската војска го победила германскиот тевтонски ред. Иако се припадници на истото царство, „крстоносците“ од тевтонскиот ред и Полјаците постојано живеат на работ на вооружен судир. Крстоносците го напаѓаат домот на благородникот Јуранд (го игра Шаловски) и ја убиваат неговата жена. Подоцна, полскиот витез Збишко (го игра Каленик) ја запознава ќерката на Јуранд, Дануша (ја игра Станишевска), се вљубува во неа и дава завет дека ќе ја одмазди смртта на мајка ѝ. Оттука, тој го напаѓа пратеникот на крстоносците и поради тоа е осуден на смрт, но пред да го погубат, Дануша го спасува така што се согласуав да се омажи за него. Подоцна, Збишко стапува во служба на кралот Јагел и во двобој го убива крстоносецот Ротгир.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]