Краљо Поповски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Краљо Поповски
Роден 1900 година
Бањане, Скопје, Косовски вилает, Османлиска Империја
Починал септември, 1944 година
Скопска Црна Гора, Скопје, Македонија

Краљо С. Поповски ( 1900 во Бањане, Скопско1944 во Скопска Црна Гора, Скопско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Произлегува од сиромашно селско семејство. Се занимавал со земјоделство и сточарство. По доаѓањето на Шеснаесеттата македонска ударна бригада во неговото село, активно ја помагал, а нешто подоцна и и се приклучил. Се борел против Германците кои се повлекувале низ Качаничката Клисура, како и против балистите кои биле вооружени од Германците за да им обезбедат заштитница. Балистите навлегувале и ги ограбувале селата на Скопска Црна Гора. Во спречувањето на ваквата разбојничка инвазија, загинал во септември 1944 година кај Долни Забел. Бил закопан на селските гробишта.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 237. На |first= му недостасува |last= (help)