Корпоративен имиџ
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Корпоративен имиџ се однесува на тоа како корпорацијата е перципирана. Тоа е општо прифатена слика за „што се залага“ компанијата. Креирањето на корпоративниот имиџ е дел од стварањето перцептивен менаџмент. Првенствено се создава од маркетинг експерти кои ги користат јавните односи и други форми на промоции за да ја сугерираат менталната слика кон јавноста. Вообичаено, корпоративниот имиџ е дизајниран за да биде привлечен за јавноста, за компанијата да може да предизвика интерес помеѓу купувачите, да создава мислење, генерира непристрасност кон марката, и со тоа ја олеснува производната продажбата.
Имиџот на корпорацијата не е создаден единствено од страна на компанијата. Други учесници кон имиџот на компанијата може да бидат и медиумите, новинарите, синдикатите, организациите за заштита на животната средина, и други НВО.
Корпорациите не се единствената форма на организации кои ги креираат овие типови на имиџ. Владите, добротворните организации, религиозните организации, политичките организации и едукативните организации сите се стремат кон уникатен имиџ, имиџ кој делумно намерно и делумно случајно, делумно само-креиран и делумно надворешно наметнат.