Копнежот на Вероника Фос
„Копнежот на Вероника Фос“ (германски: Die Sehnsucht der Veronika Voss) е западногермански филм од 1982 година во режија на Рајнер Вернер Фасбиндер (Rainer Werner Fassbinder). Во главните улоги настапуваат Розел Цех (Rosel Zech), Ерик Шуман (Erick Schumann), Хилмар Тате (Hilmar Thate), Корнелија Фробес (Cornelia Froboess), Анамарија Дурингер (Annemarie Düringer), Елизабет Фолкман (Elisabeth Volkmann) и Дорис Шаде (Doris Schade). Филмот е вториот од трилогијата BRD на Фасбиднер и снимен е помеѓу „Бракот на Марија Браун“ и „Лола“.[1] Тој е делумно заснован на кариерата на глумицата Зибиле Шмитц (Sybille Schmitz), а снимен е под влијание на филмот „Булевар на зајдисонцето“ на Били Вајлдер.
Синопсис
[уреди | уреди извор]Дејствието на филмот почнува во Минхен, 1955 година. Вероника Фос е поранешна популарна филмска ѕвезда која сега се мачи да добие улоги. Таа се среќава со спортскиот новинар, Роберт Крон, и е импресионирана од тоа што тој не ја познава. Двајцата започнуваат љубовна врска, иако Роберт веќе живее со својата девојка Хенриета, која ја разбира неодоливата појава на Вероника. Однесувањето на Вероника е очајничко, и како што Роберт станува дел од нејзиниот живот, тој дознава дека таа е заложник на психијатарот Д-р Мариан Катц. Докторката ѝ препишува лекови кои ја прават Вероника зависна и таа ја користи својата моќ за да го исцеди богатството на глумицата. За да ги потврди своите сомнежи, Роберт ја тера Хенриета да ѝ пристапи на докторката и да се претстави како богата жена на која ѝ е потребна психолошка помош. Докторката ѝ препишува опијат на Хенриета, но подоцна ја гледа како разговара од говорница пред ординацијата. Потоа, таа ја убива Хенриета и успешно ги крие доказите пред Роберт да дојде со полицијата. Филмот завршува трагично со тоа што докторката и нејзините соработници ја принудуваат Вероника да им го препише сето свое богатство и ѝ даваат фатална дозна на апчиња. По смртта на Вероника, Роберт ја следи прославата на измамниците, но не може да направи ништо.
Оваа статија филм е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Наводи
[уреди | уреди извор]- Никулци за филм
- Германски филмови
- Филмови на германски јазик
- Филмови од 1982 година
- Филмови на Рајнер Вернер Фасбиндер
- Филмови со Розел Цех
- Филмови со Хилмар Тате
- Филмови со Корнелија Фробес
- Филмови со Анамарија Дурингер
- Филмови со Дорис Шаде
- Филмови со Елизабет Фолкман
- Филмови со Ерик Шуман
- Филмови чие дејствие се одвива во Минхен
- Филмови поврзани со убиства
- Филмови за глумци