Копнежот на Вероника Фос

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Копнежот на Вероника Фос (гер. Die Sehnsucht der Veronika Voss) е западно германски филм од 1982 година во режија на Рајнер Вернер Фасбиндер (гер. Rainer Werner Fassbinder). Во главните улоги настапуваат Росел Цех (гер. Rosel Zech), Хилмар Тате (гер. Hilmar Thate), Корнелија Фробес (гер. Cornelia Froboess), Анамарија Дурингер (гер. Annemarie Düringer), Дорис Шаде (гер. Doris Schade).

Филмот е вториот од трилогијата BRD на Фасбиднер и снимен е помеѓу „Бракот на Марија Браун“ и „Лола“.


Синопсис[уреди]

Вилмот е до некаде базиран на кариерата на актерката Сибил Шмитц (гер. Sybille Schmitz) и е под влијание на „Булевар на зајдисонцето“ на Били Вајлдер.

Минхен, 1955. Вероника Фос е поранешна популарна филмска ѕвезда која сега се мачи да добие улоги. Таа се среќава со спортскиот новинар Роберт Крон и е импресионирана од тоа што тој не знае која е таа. Двајцата започнуваат љубовна врска, иако Роберт веќе живее со својата девојка Хенриета, која ја разбира неодоливата појава на Вероника. Однесувањето на вероника е очајничко, и како што Роберт станува дел од нејзиниот живот, тој дознава дека таа е заложник на психијатарот Др. Мариан Катц. Докторката ѝ препишува лекови кои ја прават Вероника зависна и таа ја користи својата моќ за да го исцеди богатсвото на актерката. За да ги потврди своите сомнежи Роберт ја тера Хенриета да ѝ пристапи на докторката и да се претстави како богата жена на која ѝ е потребна психолошка помош. Докторката ѝ препишува опијат на Хенриета, но подоцна ја гледа како разговара од говорница пред ординацијата. Потоа таа ја убива Хенриета и успешно ги крие доказите пред Роберт да дојде со полицијата. Филмот завршува трагично со тоа што докторката и нејзините соработници ја принудуваат Вероника да им го препише сето свое богатство ним и ѝ даваат фатална дозна на пилули. По смртта на Вероника, Роберт ја следи прославата на измамниците, но не може да направи ништо.