Конструкција на софтвер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Конструкцијата на софтвер е дисциплина на софтверското инженерство. Претставува детално создавање на замислен софтвер, со комбинација на кодирање, верификација, тестирање на единките и дебагирање. Поврзано е со сите останати дисциплини на софтверското инженерство, но најмногу е поврзано со софтверскиот дизајн и тестирањето на софтверот. [1]

Основи на конструирањето на софтвер[уреди]

Основите на конструирањето на софтвер вклучуваат:

Намалување на сложеноста[уреди]

Главен проблем кај луѓето се нивните ограничени можности за извршување на сложени задачи и помнење на информации при работа, особено на долг период. Па според ова, при развивањето на продуктот се оди да се намали неговата сложеност колку што е можно помалку.[1]

Помала сложеност се добива доколку се стави повеќе акцент на создавање на код кој е едноставен и читлив, него паметен. Минимизирањето на комплексноста се постигнува со стандарди, како и преку многубројни специфични техники. Исто така може да се постигне и со техники кои се фокусирани на конструкцијата.

Предвидување на промени[уреди]

Со тек на времето поголем дел од софтверот ќе претрпи измени, па според тоа предвидувањето на промени во голема мера би влијаело за лесно и брзо да се изврши промената. Предвидувањето на промени е подржано од многу техники како:

  • Методите за комуникација (на пример стандардите за форматот и содржината на документите)
  • Програмските јазици (стандарди за програмскиот јазик)
  • Платформа (на пример стандарди за програмски интерфејс за повици на оперативниот систем)
  • Алатки (Шематски стандарди за нотирање како UML (Унифициран јазик за моделирање)

Верификација при констукција[уреди]

Верификацијата при конструкција значи креирање на софтверот на таков начин што недостатоците веднаш ќе бидат откривани од страна на програмерите, на сличен начин како што тоа се прави од стана на тимот за тестирање. Специфичните техники што ја подржуваат верификацијата при конструкција ги вклучуваат следните стандарди за кодирање: преглед на код, тестирање на единките, уредување на кодот со цел да се овозможи автоматско тестирање, избегнување на користење на сложени или тешко разбирливи програмски структури.[1]

Стандарди при констуирањето[уреди]

Стандардите кои што директно влијаат на конструкцијата вклучуваат:

  • Користење на надворешни стандарди: Стандардите за јазиците за конструкција, алатките, технички интерфејси, како и интеракција на конструкцијата на софтвер со другите дисциплини.
  • Користење на внатрешни стандарди: Овие стандарди може да бидат дефинирани од страна на тимовите со цел да има подобра координација меѓу нив.

Раководење со конструкцијата[уреди]

Конструкциски модели[уреди]

Голем број на модели се создадени за развивање на софтвер, некои од нив ставаат повеќе акцент на конструкцијата, за разлика од другите. Во поглед на конструкцијата некои од нив се по линеарни, како што се водопадниот и моделите кои испорачуваат по етапи (англиски: staged-delivery life cycle models. Кај ваквите модели со конструкција се почнува откако другите работи ќе бидат завршени како барањата, дизајнот и планирањето. Останатите модели се повеќе итеративни, како прототип моделот и Скрам моделот и имаат тенденција, конструкцијата на софтверот како дел од развојната фаза на процесот, да биде истовремено со другите активности како што се: барањата, дизајнот и планирањето. [1]

Планирање на конструкцијата[уреди]

Значаен дел кај планирањето на конструкцијата е изборот на конструкциски модел. Изборот на моделот влијае на тоа како задачите ќе бидат исполнувани, каков ќе биде нивниот редослед на извршување, како и нивото до кое тие ќе бидат завршувани пред да почне конструкцијата. Планирањето на конструкцијата исто така го дефинира и редоследот по кои компонентите ќе бидат креирани и интегрирани, процесите за управување со софтверски квалитет, распределба на задачите на софтверските инженери и останатите задачи во зависност од моделот кој е избран.[1]

Следење на конструкцијата[уреди]

Скоро секоја активност може да се следи и да се види колку има сработено. Такви активности се: пишување на кодот, негово изменување, негово повторно користење, неговата комплексност, статистика за пронаоѓањето и поправањето на грешките. Ваквите следења се корисни за понатамошното планирање на конструкцијата, се подобрува конструкцискиот модел, се обезбедува квалитет како и друго.

Практични размислувања[уреди]

Конструкцијата на софтвер е водена од многу практични размислувања:

Конструкциски дизајн[уреди]

Во текот на конструкцијата се наоѓаат некои празнини во софтверскиот дизајн, па поради тоа потребно е да се направат помали или поголеми промени кај дизајнот.

Конструкциски јазици[уреди]

Конструкциските јазици ги вклучуваат сите форми на комуникација, со кои човекот може го специфицира решението на некој проблем. Во нив спаѓаат конфигурациските јазици, алатки и програмските јазици.[1]

Конфигурациските јазици – се оние јазици со кој на софтверските инженери одбираат од конечно множество на претходно дефинирани опции за креирање на софтвер за инсталација.

Алатки – се користат за градење на апликации и се посложени од конфигурациските јазици. Програмските јазици се најфлексибилни од конструкциските јазици. Тие користат три генерални типови на нотации:[1]

  • Јазични нотации
  • Формални нотации
  • Визуелни нотации

Кодирање[уреди]

Во оваа активност спаѓаат:[2]

  • Техники за пишување на разбирлив изворен код, вклучувајќи имиња и среден код.
  • Користење на класи, енумерирани типови, променливи, имиња на константи и слично.
  • Користење на контролни структури
  • Справување со грешки – планирани грешки и исклучоци (на пример внесување на различен тип на податок од предвидениот)
  • Организирање на изворниот код (во искази, наредби, процедури, класи, функции)
  • Документирање на кодот

Тестирање при конструкција[уреди]

Целта на тоа да се врши тестирање при конструкцијата е да се намали колку што може бројот на недостатоци уште пред почетокот на фазата тестирање. Во некои случаи тестирањето при конструкција се прави откако кодирањето ќе биде завршено, додека пак во други се прават тест случаи пред кодот да биде напишан. Конструкцијата вклучува две форми на тестирање, кои што често се користат од стана на програмерите. Тие форми се:

  • Тестирање на единката (тестирање на компонентите)
  • Интеграциско тестирање

Реискористување на софтвер[уреди]

Реискористувањето на софтверот претставува искористување на веќе постоечки софтвер или софтверско знаење, за да се изгради нов софтвер. При реискористувањето на софтвер за време на кодирање или тестирање треба да се извршат следните задачи:[3][1]

- Селектирање на компонентите што можат да се реискористат, база на податоци, тест процедури или тест податоци. - Проценување на кодот или тестот што може да се рескористи. - Соопштување на информациите за реискористувањето кај новиот код, тест процедурите или тест податоците.

Квалитет на конструкцијата[уреди]

Постојат неколку основни техники за проверка на квалитетот на кодот кај конструкцијата, тоа се:

  • Тестирањето на единката и интеграциското тестирање
  • Развој на софтвер воден од тестирање
  • Користење на предикати
  • Дебагирање
  • Технички испитување
  • Статичка анализа на кодот

Интеграција[уреди]

Клучен дел кај конструкцијата е интеграција на одделни процедури, функции, класи, компоненти и подсистеми. Исто така секој софтверски систем може да биде интегриран со друг софтверски или хардверски систем. При тоа се планира по кој редослед компонентите ќе бидат интегрирани, одделно ќе бидат оценувани како и за тоа од кои софтверски верзии се подржани.[1]

Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 1,7 1,8 SWEBOK Pierre Bourque, Robert Dupuis; executive editors, Alain Abran, James W. Moore, уред (2004). „Chapter 4 - Software Construction“. „Guide to the Software Engineering Body of Knowledge - 2004 Version“. IEEE Computer Society. стр. 4–1–4–5. ISBN 0-7695-2330-7. http://www.computer.org/portal/web/swebok/html/ch4#Ref2. 
  2. Coding Techniques проверено на 29.03.2012
  3. Software reuse проверено на 29.03.2012