Константинова даровница

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Фреска од 13 век, папа Силвестер и Константин го покажуваат дарот

Константиновата даровница (лат. Donatio Constantini)[1] е фалсификуван царски декрет[2] со која наводно царот Константин Велики ја предава власта во Рим и во западниот дел од Римското царство на папата. Константиновиот дар се однесува на документот кој папите долго време го користеле за да ја претстават својата црква и света власт над останатите црковни епископии. Се сметало дека документот бил издаден од страна на императорот Константин Велики на Папа Силвестер I (317-335) според кој императорот му ја предал врховната власт над Западната Римска империја. Документот содржал акти околу изборот и насочувањето на правата вера, црквата во Рим била избрана над сите останати и била прогласена како врховна, папата добил голем број на привилегии, богати дарови на црквите а римските кардинали го добиле чинот сенатори.

Сепак, неисправноста и невистинитоста на овој документ била докажана од страна на италијанскиот научник Лоренцо Вала. Тој бил добар познавач на класичните јазици и кога го прочитал и анализирал т.н. Константински дар заклучил дека документот не бил напишан во времето на императорот Константин Велики, туку бил создаден покасно. Дел од научниците сметаат дека тој документ бил направен во времето на Папа Стефан II (752-757), а според други истиот бил направен кон средината на 9 век.


Литература[уреди]

  1. In many manuscripts, including the oldest one, which dates from the 9th century, the document bears the title Constitutum domini Constantini imperatoris.(The Catholic Encyclopedia, 1913, s.v. "Donation of Constantine").
  2. The Catholic Encyclopedia, 1913, s.v. "Donation of Constantine").