Плоштад „Свети Петар“

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Плоштад Свети Петар)
Плоштад Свети Петар
Piazza di San Pietro
Поглед кон денешниот плоштад
Карта
Општи податоци
ГрадВатикан, Рим
ЗемјаИталија

Плоштадот Свети Петар (италијански: Piazza di San Pietro) се наоѓа непосредно пред базиликата Свети Петар во Ватикан, Рим, Италија.

Плоштадот бил изграден во периодот од 1656-1667 година од страна на архитектот Бернини во стил на барок. На локацијата на плоштадот низ историјата се наоѓал циркусот на Нерон. Во времето кога започнала изградбата на новиот плоштад, од антиката останал само обелискот кој датира од 13 век п.н.е. во времето на Стар Египет, и истиот во Рим бил донесен во 37 година, во времето на императорот Калигула. Обелискот е висок 25,5 метри висок, а доколку се смета и крстот кој бил поставен на врвот, неговата висина изнесува 40 метри. Тој е втор најголем обелиск кој е зачуван во денешно време. Се смета дека на ова место бил распнат апостол Свети Петар.[1] Освен обелискот, на плоштадот се наоѓа и фонтана која била изградена во 1613 година.

Наводи[уреди | уреди извор]

НАдворешни врски[уреди | уреди извор]

Координати: 41°54′8″N 12°27′23″E / 41.90222° СГШ; 12.45639° ИГД / 41.90222; 12.45639