Козметологија

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Клас на козметолози во Калифорнија, 1946 година

Козметологија (од грч. збор κοσμητικός, kosmētikos; „квалификувани за украсување“ и –λογία, -логија) е студија и применување на третмани за убавина. Специјалните гранки вклучуваат фризерство, нега на кожа, козметика, маникир, педикир и електрологија.

Индивидуални дисциплини во состав на козметологијата[уреди]

Техничар за шампонирање[уреди]

Техничар за шампон ја мие со шампон и става регенератор на косата на клиентот во рамки на подготовките за фризер.Техничарот за шампонирање може да асистира во миењето на трајни локни, на шампон во боја и во отрстранувањето на хемиски препарати од косата по нејзината обработка.

Маникирист[уреди]

Маникир е козметички третман за ноктите на прстите или рацете.Зборот „маникир“ потекнува од латинскиот јазик: manus за рака и cura за „нега“. Кога овој третман се изведува на нозете тогаш се нарекува педикир.

Многу маникиристи започнуваат со потопување на рацете во субстанца за омекнување по која следи нанесување на лосион.Општ тип на маникир вклучува обликување на ноктите и нанесување на лак за нокти. Во маникир може да се вклучи и ставање на вештачки нокти, акрил или вештачки гелни нокти.Некои маникири го вклучуваат цртањето на слики или дизајни на ноктите или нанесување на мали транспарентни налепници или имитација на накит.Постои нов производ кој сега е популарен за декорирање на нокти, тоа е самолеплива покривка за ноктот која го покрива целиот нокт и доаѓа во најразлични модели, дизајни и бои.

Терапевт за убавина[уреди]

Специјализиран е за третмани кои вклучуваат одстранување на влакна, масажа, обвивање на телото, грижа за кожата, нијансирање на трепките и веѓите и шминка заедно со машински третмани како што се дотерувања на лицето без операција и затегнување на мускулниот тонус. Специјалистот мора да оди на специјални обуки за третмани како што е ласерското одстранување на влакна и елекртолиза.

Техничар за нокти[уреди]

Техничарот за нокти се специјализира во областа на уметничката форма и негата на ноктите.Ова вклучува маникир, педикир, акрилни нокти, гелни нокти, обвивање на ноктите, лажни нокти, самолепливи покривки за нокти итн. Исто така имаат и знаење во областа на неправилностите на ноктите и болестите на ноктите и можат да идентификуваат такви проблеми.Тие не лечат болести и типично е да му препорачаат на клиентот лекар.

Електрологист[уреди]

Електрологистот нуди услуги со употребата на електролизната машина.Спротивно на одстранувањето на влакна со восок кое се нуди од страна на естетичар, одстранувањето на влакна преку електролизата е трајно.Обично на естетичарите им се бара повисоко ниво на образование покрај школото за убавина за да ја научат електролизата.Меѓутоа, во некои државни училишта за убавина на основниот курс се предава електролиза.

Да се стане козметолог[уреди]

Електрична маска за лице, цирка, 1939 година

Општите курсеви за козметологија во Америка примарно се фокусираат на фризерство, но исто така ги тренираат нивните студенти како општи козметолози за убавина обучени за маникир, третмани на лице итн. За да се добие серитфикат за општ козметичар во лиценцирано државно школо за убавина обично е потребно една година. Специјализираните курсеви што не се за фризери како што се маникир, третмани на лице или уметничка шминка најчесто пократко траат, најчесто од две недели до шест месеци иако престижните и ексклузивни школи за убавина може да понудат многу подолги курсеви.

Во Америка, сите држави бараат берберите, козметолозите и другите лица кои работат на надворешниот изглед (со исклучок на шампониерите кои се бараат во само неколку држави не вклучувајќи ја Канада) да имаат лиценца, меѓутоа квалификациите варираат од државата. Општо, лицето мора да има матурирано во државно лиценцирано берберско или козметичко училиште и да има најмалку 17 години. Само неколку држави бараат апликантите да поминат на физичкото тестирање. Некои држави бараат матура од средно училиште додека други бараат најмалку осмо оделение. Во неколку држави завршеното стажирање може да замени матурирање од училиште но многу малку бербери или козметолози ги учат нивните вештини на овој начин.За да се добие лиценца од кандидатите најчесто се бара да поминат писмен тест или да ја демонстрираат својата способност со изведување на основно шишање и давање на козметичка услуга.

Во повеќето држави постои правна разлика меѓу бербери и козметолози со различни барања за лиценца.Овие разлики и барања варираат од држава до држава. Во повеќето држави со козметичките санитарни вежби и етички вежби раководи Одделот за здравство и Бордот на козметолози. Овие лица обезбедуваат јавна безбедност со регулурање на на санитарните производи и вежби и барањата за лиценци. Обично потрошувачите своите жалби ги упатуваат до овие канцеларии и од таму тие се истражувани.

Лицата кои се интересираат за учење на козметологијата можат завршат општ козметички курс и тогаш да добијат лиценца во било која поддисциплина на козметологијата или можат да изберат да студираат за да станат само маникирист или естетичар. Студентите може да изберат приватно школо за убавина или едно од многуте професионални училишта кои нудат козметички курсеви па се до ученици во средните училишта. Во прилог, постојат национални организации кои даваат образовни и професионални информации.

Козметологијата како академска дисциплина[уреди]

Универзитетот во Јоханесбург, Германија, го има основано курсот „Козметологија“ на факултетот за човечки науки како специфична гранка од здравствените науки. Може да се добие степенот Доктор на природни науки.Курсот содржи дерматологија, микробиологија, анатомијата, психологија, имунологија и биохемија на кожата, и хемија на козметичките состојки. Практичното знаење се прренесува и во научната лабораторија (се нарекува „практична козметологија“. Како дополнение, курсот има допирни точки со бизнис економијата. По три години учење на курсот и стажирање вклучувајќи и изработка на најмалку едно научно истражување (дипломска работа), студентите завршуваат со диплома за уметности. Со добивање на доволно добри оцеки на финалните испити студентите добиваат пристам до Мастер програмата која се состои од најмалку 1,5 години курс и половина година на истражување. Студиите се комплетни со титулата „Магистер по образование“.Понатамошните степени, доктор по природните работи или доктор по медицина можат да се добијат во полето на козметологијата. На козметологијата особено обрнуваат вниманите студентите кои имаат за цел да станат професори со таа „окупациона теорија“ во германските професионални училишта за естетика и фризерство и затоа имаат вклучено економски образование и дидактики како втор „школски предмет“ (види подолу). Други професионални перспективи како во полето на козметичкото истражување се исто така достапни.

Приходи[уреди]

Средната дневница од час во Мај 2008 година за фризери и козметологисти вклучувајќи бакшиш и провизија била 11,13 долари. Според Американскиот оддел за труд,средниот процент односно 50 % кој се заработува е 8,57 долари и 15,03 долари.Најниските 10 % кои се заработуваат се помалку од 7,47 % а највисоките 10 % кои се заработуваат се повеќе од 20,41 долар. Многу од ова зависи дали козметологот е платен од час, има месечна плата, по договор или провизија и дали тие изнајмуваат објект и имаат зголемени административни трошоци. Платата на козметологот исто така може да зависи од способноста на козметологот да се рекламира себеси, до-продажбата на производи и услуги, проширеноста на клиентелата и подобрувањето на лојалноста на клиентите. Други фактори ја вклучуваат и големината и локацијата на салонот за убавина или бизнисот со убавина, колку часа има работено, локалните навики за бакшиш, и конкуренцијата од другите бизниси со убавина. Истражувањето за побарувачка на работа во 2003 година од страна на НАККУН (Национална акредитирана комисија за козметологија, уметности и науки) истакнува дека во работниот свет има недостиг од професионалци за салони па затоа козметолозите и професионалците за салони ја имаат зголемено заработувачката моќ. Индустријата за салони има малку или воопшто нема невработени.

На козметолозите им се плаќа на различни начини:

  • Од час или од провизија: Козметологот има плата од час или процент од провизија и на крајот им се плаќа поголемото од овие две.Овој систем е поставен да соодветствува со државата и федералните права за минимална плата.
  • Од час плус провизија: Како дополнување на платата од час, процентот на пари кој се добива од провизијата или услугите му се дава на козметологот како приход.Понекогаш процентот е целиот износ а понекогаш козметологот мора да постигне одредена цел пред да му се плати провизијата.
  • Од изнајмување на објект: Целиот доход кој се добива од извршените услуги му се плаќа на козметологот за договорените услуги. Во овој договор козметологот е независен договарач и плаќа сума за изнајмување или „фиксна сума“ за користењето на установата како салон.Типично е козметологот да си ги обезбеди сите негови набавки и сам да прима резервации.
  • Од час: Плата само од час, најчесто козметолозите го задржуваат бакшишот од клиентите но понекогаш бакшишот е поделен и доделен на сите професионалци за убавина кои работат во тој салон (делењето на бакшиш се нелегални во многу држави). Многу корпоративни и мали синџири се во тренд кон оваа надоместувачка структура па затоа се промовираат поконтролирани производи со осигурување дека вработените се одговорни за стандардите и полисите на нивната компанија.
  • Бакшиш: Козметолозите често имаат значителен дел во нивниот приход од бакшиш.
  • Продажба на производи: Обично се дава провизија за производи кои се продаваат на мало, без обѕир на надоместувачката структура.

Истакнати козметологисти[уреди]

  • Абулказис
  • Џонатан Антин
  • Кевин Акоин
  • Џон Фреида
  • Марџори Џојнер
  • Пол Мичел
  • Видал Сассон
  • Ли Стафорд
  • Мадам С.Б. Вокер