Кодачи

Од Википедија — слободната енциклопедија
Кодачи

Кодачи (јапонски: 小太刀 = „мал тачи“) — јапонски меч покус од даито (долг меч) и малку подолг од танто. Неговото сечило има должина од 40 до 65 см. Неговата големина им овозможувало на самураите да го извадат многу брзо. Се користел каде движењето било ограничено или во блиска борба. Било претпочитано оружје од самураите, кои главно се потпирале на неговата брзина. Многу е погоден за одбрана, затоа се нарекува „мечот што е штит“.[1]

За време на периодот едо, Шогунатот Токугава дозволил да го носат не само самураи, туку и трговци. Кодачито, за разлика од вакизашито, има непроменлива должина, исто така кривата на сечилото е поголема, а рачката е подолга.[2]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Kodachi: A Look Into The Japanese Short Sword“ (англиски). 2022-07-28. Посетено на 2024-04-21.
  2. „Wakizashi Vs Kodachi: What's The Difference? - TrueKatana“. www.truekatana.com. Посетено на 2024-04-21.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]