Кога ќе полетаат гулабите

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Кога ќе полетаат гулабите“ (српски: Кад голубови полете) — југословенски филм од 1968 година, во режија на Властимир Радовановиќ. Главните улоги ги толкуваат: Миодраг Петровиќ-Чкаља, Рахела Ферари, Арсен Дедиќ, Александар Фотез, Војин Кајганиќ и Мирјана Марковиќ.[1]

Синопсис[уреди | уреди извор]

Во центарот на градот, децата градат гулабарник во еден напуштен двор. Меѓутоа, наместо гулаби, во него се населуваат станари - еден човек со две деца. Децата се трудат да ги исфрлат несаканите станари, но во меѓувреме се спријателуваат со нив. Кога од општината ќе дојдат да ја урнат дивоградбата, т.е. голубарникот, децата се борат против одлуката на општината.

Наводи[уреди | уреди извор]