Кога ќе ги слушнеш камбаните
„Кога ќе ги слушнеш камбаните“ (хрватски: Kad čuješ zvona) — југословенски филм од 1969 година, во режија на Антун Врдољак, кој е автор и на сценариото, засновано врз книгата „Воен дневник“ на Иван Шибл. Главните улоги ги играат: Борис Бузанчиќ, Павле Вуисиќ, Фабијан Шоваговиќ, Ивица Видовиќ, Бранка Врдољак, Вања Драх, Антун Налис и Изет Хајдархоџиќ. Сценографијата е дело на Жељко Сенечиќ, за монтажата била задолжена Радојка Танхофер, Франо Водопивец бил снимател, а музиката е дело на Анѓелко Клобучар. Ова е вториот филм на Врдољак, кој се истакнал како еден од водечките хрватски режисери во тој период, а според многу критичари, ова е најдобриот хрватски филм за Втората светска војна. Филмот бил награден со Големиот сребрен медал на филмскиот фестивал во Москва, како и со две „Златни арени“ на фестивалот во Пула (Дворник за улогата на Кубура и Франо Водопивец за камера), каде ја освоил и наградата на публиката „Елен“.[1]
Содржина[уреди | уреди извор]
Дејствието на филмот се случува во Банија, на почетокот на Втората светска војна. Во три соседни села живеат луѓе со различна националност и вероисповед и меѓу веднаш се раѓа непријателство. Нивните несогласување го попречуваат организирањето на движењето на отпорот против окупаторот и затоа од Загреб доаѓа партизанскиот комесар (го игра Бузанчиќ) кој треба да ја смири состојбата. Тој наското согледува дека неговите ставови за револуцијата многу се разликуваат од реалната состојба во тој крај...[2]
Наводи[уреди | уреди извор]
- Југословенски филмови
- Хрватски филмови
- Филмови од 1969 година
- Партизански филмови
- Филмови чие дејствие се одвива во Босна и Херцеговина
- Филмови за Втората светска војна
- Филмови на Антун Врдољак
- Филмови со Борис Бузанчиќ
- Филмови со Павле Вуисиќ
- Филмови со Фабијан Шоваговиќ
- Филмови со Ивица Видовиќ
- Филмови со Бранка Врдољак
- Филмови со Вања Драх
- Филмови со Антун Налис
- Филмови со Изет Хајдархоџиќ
- Филмови засновани на книги