Кога ќе бидам мртов и бел

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Кога ќе бидам мртов и бел“ (српски: Кад будем мртав и бео) — српски и југословенски филм од 1967 година, во режија на Живоин Павловиќ по сценариото на Љубиша Козомара и Гордан Михиќ. Главните улоги ги играат: Драган Николиќ, Слободан Алигрудиќ, Миодраг Андриќ, Северин Бијелиќ, Неда Спасојевиќ и Ружица Сокиќ.[1] На Пулскиот филмски фестивал, филмот ја освоил „Златната арена“, а Павловиќ бил прогласен за најдобар режисер.[2]

Синопсис[уреди | уреди извор]

Јанко Бугарски, познат како Џими Барка (го игра Николиќ), заедно со својата девојка Лилица (ја игра Спасоевиќ), мора да ја напушти привремената работа као сезонски работник. Неговата мајка е сиромашна перачка и не може да му помогне, а тој не може да најде работа во фабриките. Џими ги краде работниците на едно градилиште и, бегајќи од гонителите, останува без Лилица. Тогаш почнува неговата авантура. Набргу ја среќава кафанската пејачка Душка (ја игра Сокиќ), станува нејзин љубовник и самиот учи да пее. Иако пее лошо, тој патува по малите места, пеејќи на панаѓурите и во воените гарнизони. Во едно место ја среќава младата заботехничарка Бојана и со неа оди во Белград на натпреварот на младите пејачи. Таму, наместо аплаузи и афирмација, него го дочекуваат со свирежи и со навреди. Џими бега и на еден брод повторно ја среќава Лилица, која живее од ситни кражби и од симулирање дека е бремена. Тие одат кај Милутин (го игра Алигрудиќ), управникот на поранешното градилиште и го уценуваат со приказната дека Лилица го носи неговото дете. Но, Милутин открива дека е измамен и јанапаѓа Лилица, но Џими го спречува, а потоа го исмева пред работниците. Понижен и изнервиран, директорот ја зема својата пушка и го убива Џими.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]