Падот на Маите

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Класичниот пад на Маите)

Падот на Маите или класичниот пад на Маите се однесува на напуштањето на класичниот период од историјата на Маите на јужните мајански предели помеѓу 8 век и 9 век. Класичниот период е дефиниран како период од 300 до 900 година. Овој пад е еден од најголемите мистерии во историјата на археологијата и човештвото воопшто.

Високо развиените мајански центри од јужните предели пропаднале за време на овој период и биле напуштени. Податоците за овој пад се исцрпени од натписите на Маите на архитектонските конструкции.