Кладистика

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Кладистиката (од грчки: κλάδος - "гранка") претставува хиерархиска класификација на видовите која се основа на филогенетското или еволутивното наследство со кладови. Поимот филогенетика често се користи како синоним за кладистика. Кладистиката се разликува од другите таксономски системи по тоа што се фокусира на еволутивните врски меѓу видовите, а не на морфолошките сличности, кои може да се конвергентни.

Кладистиката потекнува од работата на германскиот ентомолог Вили Хениг, кој самиот ја нарекувал филогенетска систематика, меѓутоа употребата на поимот "кладистика" и "клад" е популаризирана од страна на други истражувачи[1]. Освен што денес оваа дисциплина има широка примена во биологијата, таа се користи и при споредбата на текстовите од книгата Кантербериски приказни[2].

Кладистиката дава дијаграми наречени кладограми кои го претставуваат еволутивниот пат на организмите. Секвенционирањето на ДНК и РНК се користи при многу важни кладистички истражувања. Компјутерските програми се исто така нашироко употребувани во кладистиката, поради сложената природа на конструкцијата на кладограмите.

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. Phylogenetic Systematics is the title of Hennig's 1966 book
  2. Canterbury Tales Project, http://www.canterburytalesproject.org