Киро Серафинов Николовски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Киро Серафинов Николовски ( 1923 во Опила, Кривопаланечко20 октомври 1944 во Треска, Скопско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Произлегува од селско семејство. Основно училиште завршил во село Ранковце, а потоа се занимавал со земјоделство. На 10 септември 1944 година, стапил во Третата македонска ударна бригада. Со бригадата учествувал во повеќе борби и акции против германските транспортни возови. На 20 октомври 1944 година, во составот на бригадата, бил учесник и во борбите кај Треска против балистичките банди кои биле потпомогнати од Германците со артилерија и друго тешко оружје. Во оваа жестока борба, тој загинал. Бил закопан на местото на загинувањето.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 225. На |first= му недостасува |last= (help)