Кетепа

Од Википедија — слободната енциклопедија

Кетепа е бренд на чај во Кенија.

Името потекнува од Кениски пакувачи на чај (англиски: Kenya Tea Packers).[1] Кетепа е најголемата компанија за производство на чај во Кенија, таа произведува чај од 1978 година и има седиште во Керичо, но законот што му дозволува на Кетепа да извезува продукти бил донесен дури во 1992 година.[2]

Една нивна рекламна кампања се обидувала да ја претвори изреката „време за чај“ во „време за Кетепа“.[3]

Кетепа ја освои наградата Супербрендови источна Африка во 2007 година.[2]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Официјална страница на Кетепа

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Ketepa“. Посетено на 2011-09-16.
  2. 2,0 2,1 „The Company“. Ketepa. Архивирано од изворникот на 2011-10-18. Посетено на 2011-09-16.
  3. „Corporate campaign for the largest tea company in Kenya“. Архивирано од изворникот на 2012-04-02. Посетено на 2011-09-16.