Кара Махмуд Бушатлија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Кара Махмуд Бушатлија бил албански феудалец од фамилијата Бушати [1]. По смрта на Мустафа Паша Бушатлија го наследил како скадарски паша. Кара Махмуд како османлиски паша бил во лоши односи со централната власт и Високата Порта. Кара Махмуд Бушатлија се стремел да ги прошири своите феудални имоти и да создаде независно кнежество. Дошол во судир со албанските феудалци Али Паша Јанински и Курд Ахмет Паша.

Кара Махмуд Бушатлија се стремел кон освојување на Црна Гора, која била формално-правно османлиска провинција меѓутоа имала широка автономија со свој стрешини и владика. Во 1785 година, Кара Махмуд Бушатлија ја нападнал Црна Гора и се пробил до Цетиње каде што го разрушил и запалил тамошниот манстир. Меѓутоа, Кара МАхмуд морала да се повлече без да постигне некој траен успех.

Во текот на судирот со јужните албански паши, Кара Махмуд стапил во контакт со преставниците на Хабзбуршката монархија и Руското царство. Преставниците на овие држави му понудиле да го признаат за крал на Албанија во замена за сојуз против Османлиите, меѓутоа конечен договор не бил постигнат. Кара Махмуд Бушатлија во 1788 година ги исекол главите на странските преставници и ги испратил кај османлискиот султан, на тој начин ја истакнал лојалност кон Османлиската империја, за возврат бил помилуван од страна на Високата Порта.

Меѓутоа, Кара Махмуд Бушатлија повторно дошол во судир со централната власт откако успеал да освои делови од Косово и Црна Гора. Високата Порта испратила казнена експедиција против Кара Махмуд при што бил опседнат Скадар. Обидот на централната власт да го почини Кара Махмуд Бушатлија бил неуспешн, а османлиските сили се повлекле од неговите земји. Високата Порта направил уште еден обид за потчинување на Кара Махмуд, меѓутоа и овојпат не успеале.

По несупесите на османлиската централна власт, Кара Махмуд Бушатлија повторно се свртел кон Црна Гора. Во летото 1796 година, Кара Махмуд Бушатлија со 20 000 војници ја нападнал црногорската земја. Османлиските сили биле пречекани од 3 000 Црногорци и во битката кај Мартиниќ на 11 јуни, Османлиите биле поразени, скадарскиот паша бил ранет. Кара Махмуд Бушатлија не се откажал од својата намера да ја покори црногорската земја и почнал да подготвува своја одмазда. Во септември истата година, скадарскиот паша повторно ја нападнал Црна Гора. Навлегувањето на Османлиите се одвивало од три правци. Главната војска се состоела од околу 23 000 луѓе. Црногорската војска која се спротиставил на овој турски одред била поделена на два дела под команда на владиката Петар и гувернадурот Радоњиќ. Одлучувачката битка се одиграла на 22 септември кај Крусим. Османлиите биле целосно поразени, а Кара Махмуд Бушатлија загинал во битката.

Извори[уреди]

  1. Anscombe, Frederick (2006). The Ottoman Balkans: 1750-1830. Princeton, New Jersey: Markus Wiener Publishers.