Казино Ројал (роман)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Казино Ројал е прв роман од британскиот писател Ијан Флеминг. Објавена е во 1953 година, и е прв роман за Џејмс Бонд. По оваа книга Флеминг објавил уште единаесет романи и две збирки раскази, а други автори објавиле продолженија на романите за Бонд романи.

Флеминг нацрт верзијата ја напишал на почетокот од 1952 година на неговиот имот Златно око во Јамајка.

Во рамките на шпионската приказна, Казино Ројал се занимава со теми за положбата на Британија во светот, претежно за односот со САД по пребегнувањето на британските агенти Гај Бурџис и Доналд Меклин во Советскиот Сојуз. Книгата добила позитивни критики од критичарите во тоа време и по нејзиното објавување во Обединетото Кралство на 13 април 1953 година била распродадена за помалку од еден месец.

По објавувањето, заснован на романот Казино Ројал во Дејли експрес бил објавен стрип, и имал три филмски адаптации: епизода од 1954 година од телевизиската серија на CBS Климакс! со Бери Нелсон како американски Бонд, филмска верзија од 1967 година со Дејвид Нивен како „Сер Џејмс Бонд“ и филм од 2006 година во филмскиот серијал на Еон Продукција во кој Даниел Крег го глуми Џејмс Бонд.

Содржина[уреди | уреди извор]

Романот се однесува на британскиот таен агент Џејмс Бонд, испратен на задача да се коцка во казиното во Ројал-ле-О за да го банкротира Ле Шифр, благајник на францускиот синдикат и член на руската тајна служба. На Бонд му помагаат Веспер Линд, член на неговата служба, како и Феликс Лејтер од ЦИА и Рене Матис од француското Дексием биро. Ијан Флеминг ги искористил своите воени искуства како член на Поморската разузнавачка дивизија и луѓето што ги запознал таму, за во делото да додаде елементи на заговор.

Ле Шифр ги губи парите и за да си ги поврати ја киднапира Линд, а го мачи и на Бонд. За време на тортурата, атентатор од СМЕРШ влегува и го убива Ле Шифр како казна за тоа што ги загубил парите.

Линд секојдневно го посетува Бонд додека тој закрепнува во болница, и тој се заљубува во неа. Откако ќе излезе од болница, стануваат љубовници. Едно утро, Бонд открива дека извршила самоубиство. Зад себе остава белешка во која објаснува дека под уцена работела како двоен агент за советското Министерство за внатрешни работи. Сакала да започне нов живот со Бонд, но сфатила дека нема да може да се ослободи од Советите кои постојано ја следеле и дека останувањето со Бонд само ќе го доведе во опасност. Бонд ја информира својата служба за двојната игра на Линд, ладно велејќи му на својот контакт: „Кучката сега е мртва“.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Fleming 2006.

Грешка во наводот: Ознаката <ref> со име „FRB Convert“ определена во <references> не се користи во претходен текст..
Грешка во наводот: Ознаката <ref> со име „MGM CR“ определена во <references> не се користи во претходен текст..
Грешка во наводот: Ознаката <ref> со име „BFI: CR“ определена во <references> не се користи во претходен текст..
Грешка во наводот: Ознаката <ref> со име „Variety: CR“ определена во <references> не се користи во претходен текст..
Грешка во наводот: Ознаката <ref> со име „IGN: reboot“ определена во <references> не се користи во претходен текст..
Грешка во наводот: Ознаката <ref> со име „Funnell (2011)“ определена во <references> не се користи во претходен текст..
Грешка во наводот: Ознаката <ref> со име „Oh, James“ определена во <references> не се користи во претходен текст..
Грешка во наводот: Ознаката <ref> со име „Cook (2004)“ определена во <references> не се користи во претходен текст..
Грешка во наводот: Ознаката <ref> со име „IFP: About IF“ определена во <references> не се користи во претходен текст..
Грешка во наводот: Ознаката <ref> со име „Hellman (1962)“ определена во <references> не се користи во претходен текст..
Грешка во наводот: Ознаката <ref> со име „IoS: Secretan“ определена во <references> не се користи во претходен текст..
Грешка во наводот: Ознаката <ref> со име „Hitchens (2006)“ определена во <references> не се користи во претходен текст..
Грешка во наводот: Ознаката <ref> со име „Guardian covers (2008)“ определена во <references> не се користи во претходен текст..
Грешка во наводот: Ознаката <ref> со име „Fausset (1953)“ определена во <references> не се користи во претходен текст..
Грешка во наводот: Ознаката <ref> со име „Ross (1953)“ определена во <references> не се користи во претходен текст..
Грешка во наводот: Ознаката <ref> со име „Raven (1953)“ определена во <references> не се користи во претходен текст..
Грешка во наводот: Ознаката <ref> со име „Times ad (1953)“ определена во <references> не се користи во претходен текст..
Грешка во наводот: Ознаката <ref> со име „Time (1954)“ определена во <references> не се користи во претходен текст..

Грешка во наводот: Ознаката <ref> со име „Boucher (1954)“ определена во <references> не се користи во претходен текст..

Извори[уреди | уреди извор]

 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

  • Ian Fleming.com Официјална веб-страница на Ian Fleming Publications

Предлошка:Bond booksПредлошка:Ian Fleming