Истокот е црвен

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

„Истокот е црвен“ (кин. 东方红, пинјин: Dōngfāng hóng, мактр. „Дунгфанг хунг“) — комунистичка песна, де факто химна на Народна Република Кина за време на Културната револуција во 1960-тите години. Зборовите на песната му се припишуваат на извесен Ли Јоујуен, земјоделец од северот на провинцијата Шенси, кој ја презел мелодијата од некоја локална народна песна. Тој наводно се инспирирал гледајќи го изгрејсонцето во утрината на еден сончев ден.

Песната се пуштала по разглас во секој град и село во мугри и на зајдисонце. Програмата почнувала со „Истокот е црвен“, а завршувала со Интернационалата. Секој ден учениците морале да ја пејат песната во хор на првиот час, пред да почне наставата. Во овој период Тјен Хан, авторот на официјалната химна „Марш на доброволците“ бил затворен, и затоа таа не била во употреба.

Подоцна во 1969 мелодијата на песната е вметната во славниот „Концерт за Жолтата Река“ од Јин Ченгцунг, кој пак се заснова на композицијата „Кантата за Жолтата Река“ од Сјен Сингхај.

Заради тесноповрзаноста со Културната револуција, по доаѓањето на Денг Сјаопинг во доцните 1970-ти години песната насекаде престанала да се изведува и пушта. Денес во Кина таа се смета за неубав спомен од времињата на култот за Мао и речиси насекаде е заменета со „Марш на доброволците“, чијшто текст никаде не ја споменува ниту партијата, ниту Мао. Во скекојдневен контекст „Истокот е црвен“ денес може да се чуе на електронски запалки со ликот на Мао, кои се популарни туристички сувенири.[1]

Мелодијата на песната сè уште се одѕвонува на секој час дневна светлина од кулата на зградата на управата во Шангај, како и на тапанаријата во Сиан. Истата може да се чуе и на часовни интервали во Пекиншката железничка станица.

Текст[уреди]

Кинески (упростено) Пин-јин Македонска транскрипција[2] Македонски препев

东方红,太阳升,
中国出了个毛泽东。
他为人民谋幸福,
呼尔嗨哟,他是人民大救星!

毛主席,爱人民,
他是我们的带路人,
为了建设新中国,
呼尔嗨哟,领导我们向前进!

共产党,像太阳,
照到哪里哪里亮。
哪里有了共产党,
呼尔嗨哟,哪里人民得解放!

Dōngfāng hóng, tàiyáng shēng,
Zhōngguó chū liǎo ge Máo Zédōng,
Tā wèi rénmín móu xìngfú,
Hū'ěr-hei-yo, tā shì rénmín dà jiùxīng!

Máo zhǔxí, ài rénmín,
Tā shì wǒmén de dàilùrén
Wèile jiànshè xīn Zhōngguó,
Hū’ěr-hei-yo, lǐngdǎo wǒmén xiàng qiánjìn!

Gòngchǎndǎng, xiàng tàiyáng,
Zhàodào nǎlǐ nǎlǐ liàng,
Nǎlǐ yǒu liǎo Gòngchǎndǎng,
Hū‘ěr-hei-yo, nǎlǐ rénmín dé jiěfàng!

Дунгфанг хунг, таијанг шенг,
Џунггуо чу лиао ге Мао Цедунг,
Та уеј женмин моу сјингфу,
Ху'ар-хеј-јо, та ше женмин да џиусјинг!

Мао џуси, ај женмин,
Та ше уомен ди дајлужен
Уејле џиенше син Џунггуо,
Ху'ар-хеј-јо, лингтао вомен сјанг чиенџин!

Гунгчанданг, сјанг таијанг,
Џаодао нали нали лианг,
Нали јоу лиао Гунгчанданг,
Ху'ар-хеј-јо, нали женмин де џиефанг!

Истокот е црвен, сонцето изгрева.
Кина го роди Мао Це Тунг.
Тој работи за добробитта на народот.
Тој е големиот народен спасител!

Претседателот Мао го сака народот.
Тој е нашиот водач
Да изградиме нова Кина.
Тој нè води напред!

Комунистичката партија е како Сонцето.
Разлева светлина, секаде кајшто грее.
Кај е Комунистичката партија,
Таму народот е слободен!

Надворешни врски[уреди]

Видете исто така[уреди]

Наводи[уреди]

  1. "Балсамирање на Мао", http://www.theage.com.au/articles/2004/10/22/1098316847424.html, проверено 4 мај 2008 (англиски)
  2. Транскрипцијата е слободна, и не се држи строго до правилата заради запазување на изворните гласови во песната.

Надворешни врски[уреди]