Интернет Протокол

Од Википедија

Скокни на: навигација, барај
Петте нивоа на TCP/IP моделот
5. Апликациско ниво (Application layer)

DHCPDNSFTPHTTPIMAP4IRCNNTPXMPPMIMEPOP3SIPSMTPSNMPSSHTELNETBGPRPCRTPRTCPTLS/SSLSDPSOAP

4. Транспортно ниво (Transport layer)

TCPUDPDCCPSCTPGTP

3. Мрежно ниво (Network layer)

IP (IPv4IPv6) • ICMPIGMPRSVPIPsec

2. Податочно ниво (Data link layer)

ATMDTMEthernetFDDIFrame RelayGPRSPPPARPRARPL2TPPPTP

1. Физичко ниво (Physical layer)

Етернет физичко нивоISDNМодемиPLCSONET/SDHG.709Wi-Fi

Кутијава: п  р  у

Интернет протоколот е неконекциски ориентиран што значи дека патеката т.е. рутата од изворот до дестинацијата не треба да се воспостави пред пакетите (со податоците) да влезат во мрежата. Можно е секој пакет да си има своја различна независна рута од рутата на претходниот пакет кој има иста изворна и дестинациона IP адреса. IP не гарантира дека пакетите ќе пристигнат во оригиналната секвенца ниту пак дека воопшто ќе пристигнат до нивната дестинација.

Засега постојат две верзии на IP протоколот, и тоа: IP version 4 (IPv4), која е опишана во RFC 791, и IP version 6 (IPv6), опишана во RFC 1883-1887. Описот на IP ги содржи следниве многу значајни елементи:

  • IP ги дефинира основните податочни единици кои можат да се испратат преку Интернет т.е. IP дефинира формат на податочни единици (датаграми) кои се испраќаат;
  • IP софтверот ги извршува рутирачките функции врз основа на IP адресите;
  • Фрагментација и составување на датаграмите со цел да се обезбеди пренос на податоци со различни должини;
  • IP содржи сет на правила за тоа како хостовите (крајните корисници) и рутерите да се справат со добиените датаграми, како и кога да се генерираат пораки за грешка и за тоа кога може датаграмите да се отстранат од мрежата.

Развојот на IPv6 главно бил мотивиран од малиот адресен простор во IPv4. Експанзијата на користењето на интернет услугите довела до потреба да се редефинира заглавјето со цел да се овозможи поефикасно рутирање и поголем адресен простор (т.е. поголем број IP адреси).

Интернет Протоколот (IP) е податочно ориентиран протокол кој се користи за пренос на податоци низ поврзани мрежи со користење на технологијата на комутација на пакети.

IP е протокол на мрежно ниво во пакетот на интернет протоколи кој е енкапсулиран во протоколите на податочно ниво (како што е например Етернет).

Како протокол на пониско ниво, IP обезбедува сервиси за комуникација помеѓу комјутерите со користење на едниствени адреси.

[уреди] IPv6 или IPv4?

IPv6 нема за брзо време да го замени IPv4 протоколот. Двете верзии ќе мора да коегзистираат подолго време. Во принцип IPv6 може да биде имплементирана како софтверска надоградба на постоечката IPv4 опрема овозможувајќи подолга транзициона фаза, а со тоа и намалување на трошоците за нова опрема штитејќи ги на тој начин претходните вложувања.

Не може да се каже дали сите Интернет оператори ќе преминат на IPv6 технологија во блиска иднина, бидејќи тоа практично зависи од бенефициите кои би ги добил операторот. Сега засега повеќето оператори се опкружени со IPv4 рутери и најголемиот дел од сообраќајот треба да се адаптира на IPv4 мрежите поради што интересот за промена е мал. Новите plug-and-play карактеристики кои ги прават IPv6 мрежите многу поедноставни за конфигурирање и одржување од IPv4 мрежите можат да бидат атрактивни за некои оператори чија инфраструктура брзо еволуира. Со цел да се поедностави преодот кон IPv6 важно е постоечките IPv4 апликации да бидат способни да работат и со IPv6 апликации (пр. производителот на Интернет пребарувачи треба да им овозможи на клиентите да комуницираат со двете IP верзии).

Битен предуслов за кооперативност е хостовите кои користат IPv6 протокол да користат дуални stack’s еден за IPv4 протоколниот stack и еден за IPv6 протоколниот stack. Краткорочно гледано може да се заклучи дека воведувањето на IPv6 го прави изборот на IP протокол посложен, а бенефициите во поглед на поефикасното рутирање ќе зависат од тоа дали операторите ќе извршат ориентирање кон IPv6. Долгорочно гледано не постои никаква дилема. IPv6 е покомплетен и поефикасен протокол отколку IPv4 кој може да го истисне штом апликациите ќе се развиваат така што ги искористуваат предностите на IPv6 како што е на пример QoS поддршката.