Институт за старословенска култура

Од Википедија — слободната енциклопедија
Институт за старословенска култура
Логото на Институтот за старословенска култура
ВидЈавната научна установа
Основан15 јули 1979
Директорд-р Александар Василески
МестоПрилеп, Македонија
isk.edu.mk

Институт за старословенска култура — јавна научна установа, придружна членка на универзитетот „Св. Климент Охридски“, единствена од ваков тип во Македонија.

Историја[уреди | уреди извор]

Институтот за старословенска култура е формиран на 15 јули 1979 година во Прилеп[1], а својата работа ја започнал 1 јули 1980 година. Со својата научноистражувачка дејност од областа на општествените и хуманистичките науки, институтот, уште во самиот почеток, станал познат научен центар за мултидисциплинарно проучување на културната историја на македонскиот народ во контекст на целокупното словенско културно-историско милје. Во неговото досегашно постоење Институтот успеал да обезбеди претставителна систематизирана граѓа од истражувањата на планот на археологијата, историјата на уметност, историјата, лингвистиката, како и етнологијата.

Организационата структура опфаќа[2]
  • Сектор за научноистражувачка работа којшто во својот состав ги има следниве одделенија:
  • Одделение за археологија,
  • Одделение за историја на уметноста,
  • Одделение за историја,
  • Одделение за етнологија и етногенеза,
  • Одделение за помошни историски науки (дипломатика, палеографија), како и:
  • Сектор за документација и информатика и
  • Сектор за општи, правни, административно-технички и сметководствено-финансиски работи.

Директор на институтот е д-р Александар Василески (сос. 2022).

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Одлука на Собранието на општата самоуправна заедница на научните дејности, Скопје, бр. 14-101/1
  2. Придружни членки на УКЛО