Импресионистичка музика

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Импресионистичка музика
Стилско потекло: Реакција на Романтизмот од 19 век
Културно потекло: Доцен 19 век во Париз, Франција
Својствени инструменти: дрвени дувачки, жичени, харфа, пијано, мали камерни ансамбли
Популарен: ~ 1890 до 1940

Музичкиот Импресионизам е правец во класичната музика кој постоел главно во Франција, и од доцниот XIX до средината на XX век. Како неговиот претходник во ликовната уметност, музичкиот Импресионизам се концентрирал на алузија и атмосфера наместо на силни чувства и приказ на дејствие како кај програмската музика. Музичкиот импресионизам се јавил како реакција на прекумерностите на романтистичкото доба. Додека романтистичкото доба се карактеризирало со драматична употреба на дурски и молски скали, импресионистичката музика повеќе употребува дисонанца и понеобични скали како целостепената. Романтистичките композитори исто така користеле долги форми на музика како симфонијата и кончертото, додека импресионистичките композитори претпочитале кратки форми како ноктурното, арабеската и прелудиумот.

Центарот на импресионистичката музика бил Франција, и за највелики композитори од овој правец се сметаат Французите Клод Дебиси и Морис Равел. Меѓутоа комозиторите не можат да се одредат како „импресионистички“ со онаа точност како сликарите од истиот жанр. Самиот Дебиси се откажал од тоа, велејќи „се обидувам да направам 'нешто поразлично'- впрочем - она што имбецилите го нарекуваат `импресионизам' е најлошо можно користен израз, особено од критичарите на уметност.“[1] Морис Равел искомпонирал многу други дела кои не се сметааат за импресионистички. И покрај ова, денес овој поим се користи насекаде со значење на класична музика како реакција на Романтизмот од XIX век.

Соодветно на приликите, многу музчки напатствија за „импресионистички“ дела се напишани на француски, наспроти традиционалниот италијански.

Видете и: Листа на импресионистички композиции

Импресионистички композитори[уреди]

Страна 1 од Дебисиевите Пагоди

Покрал великаните на импресионистичката музика, Клод Дебиси и Морис Равел, други импресионисти се Карол Шимановски (Полјак), Чарлс Грифс (Американец), Пол Дикас (Французин) и Ралф Вон Вилијамс (Англичанец)

Влијание[уреди]

Импресионизмот исто така извршил влијание врз музиката на Мануел де Фаља (Шпанец), Фредерик Делиус (Англичанец), Исак Албениз (Шпанец), Ерик Сати (Французин), Камиј Сен-Санс (Французин) и Оторино Респиги (Италијанец).[2], како и врз џез музичари како Бил Еванс.

Наводи[уреди]

  • Machlis, Joseph and Forney, Kristine. The Enjoyment of Music: Seventh Edition, W.W. Norton & Company, 1995, ISBN 0-393-96643-7
  1. Tsai, Shengdar [1]. Пристепено на 22 јули 2006.
  2. The Columbia Encyclopedia, Sixth Edition [2]. Пристепено на 22 јули 2006.

Медија[уреди]