Илјада чудесни сонца (книга)

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Илјада чудесни сонца (англиски A Thousand Splendid Suns) е роман на Халед Хосеини кој прв пат бил објавен во Велика Британија во 2007 година.

Тема[уреди]

Романот Илјада чудесни сонца е незаборавен портрет на една ранета земја (Авганистан) и вистински трогателна приказна за семејството и пријателството, неизбришлива слика на горчливата судбина на многу жени од муслиманскиот свет.

Халед Хосеини започнува со својата приказна раскажувајќи на еден сосема обичен начин, за постепено да почне да ја открива трагичната драма на ликовите преку силно крешендо на емоции.

Главните ликови на романот се Маријам и Лејла. Нивните судбини, на прв поглед сосема различни (филозофијата на трпеливост и помиреност со судбината на едната со борбеноста и плановите за иднина на другата), стануваат една заедничка трогателна приказна. На само 15 годишна возраст Маријам ја праќаат во Кабул да се омажи за несреќниот и огорчен Рашид кој е триесет години постар од неа. Речиси две децении подоцна, во земјата која забрзано тоне во пропаст, трагедијата ја погодува петнаесет годишната Лејла која по смртта на своите родители мора да го напушти домот и да стане дел од несреќното домаќинство на Маријам. Лејла и Маријам ќе пронајдат заемна утеха а нивното пријателство ќе стане толку силно како врската меѓу две сестри, нераскинливо како онаа меѓу мајка и ќерка во хаосот на војните кои се испреплетуваат на авганистанското тло.

Со тек на години во Авганистан на власт доаѓаат талибанците, улиците на Кабул горат од бомби и истрели, а животот се претвора во очајничка борба против гладот, суровоста и стравот. Истрајноста на двете жени, Лејла и Маријам, наидува на искушенија кои не можеле да ги сонуваат ниту во своите најстрашни кошмари. Но сепак, љубовта умее да го натера човекот на незамисливи дела, да му помогне со чудесно јунаштво да ги надмине и најстрашните препреки. Маријам го убива Рашид во мигот кога тој се нафрла на Лејла и се обидува да ја задави. Маријам е подготвена да ја плати најстрашната цена - стрелање, кое за Лејла ќе значи слобода и нов живот во семејството со љубовта на својот живот - Тарик.

Видете исто така[уреди]

Надворешни врски[уреди]