Игуанодон од Нова Гвинеја

Од Википедија — слободната енциклопедија
„Игуанодон” од Нова Гвинеја
ВидКриптид
ПодвидЖив диносаурус”, Езерско чудовиште
Подрачје Папуа Нова Гвинеја
Живеалиштеострвот Нова Гвинеја
Илустрација.
илустрација на наводниот изглед на "Игуанодон" од Нова Гвинеја

"Игуанодон" од Нова Гвинеја (англиски: New Guinea Iguanodon) наводно е криптид од островот Нова Гвинеја.

Опис на криптидот[уреди | уреди извор]

Според описот наликува на диносаурусот Игуанодон. Голем е како камион за отпадоци, се движи на две задни нозе потпирајќи се на опашката, на предните нозе има остри канџи и се служи со нив да приближи гранки од дрвјата кон усните, има форма на глава слична на кравјата (само без уши и рогови), крлушеста кожа и долга опашка слична на крокодилската.

Можни објаснувања за овој криптид[уреди | уреди извор]

Илустрација.
модерен приказ на вид на Игуанодон бернисартенс
Илустрација.
реконструиран изглед на вид на Игуанодон бернисартенсис од почетокот на 20-от век

Според изнесените факти во извештаите за повеќето видувања на овој криптид може да се каже дека се работи за измислен настан. Во овие извештаи изнесени се детали со кои е прикажан изглед на видот на диносаурусот Игуанодон бернисартенсис (Iguanodon bernissartensis) од почеток на 20-от век. Денес знаеме дека вакави описи на овој вид се неточни, затоа што Игуанодон не бил голем, тром, ладнокрвен, чудовиштен влекач прекриен со крлушкаста кожа како кај гуштерите и крокодилите, кој ја влече опашката зад себе. Освен тоа во овој случај криптидот е животно кое е прилагодено за водоземниот живот, што во споредба со Игуанодон драстично е различно бидејќи Игуанодон е прилагоден на живот на копно.

Хронологија на средби со оваа суштество и видувања[уреди | уреди извор]

  • Во 1999 година во езерото Мари видено е наводно големо суштество. Истата година пасторот на Христијанската адвентистичка црква наводно видел суштество со сличен изглед со оној на брегот на езерото.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]