Игра на прозорец

Од Википедија — слободната енциклопедија
Игра на прозорецот, корица на книгата

„Игра на прозорец“ — збирка раскази за деца на македонскиот писател Генади Болиновски.

Содржина[уреди | уреди извор]

Збирката ги содржи следниве раскази:[1]

  • Игра на прозорец
  • Коле го бара своето автомобилче
  • Лубеница
  • Слатко
  • Гостинчиња
  • Желба голема како автобус и црвена како автобус
  • Ах тоа маче
  • Ноќта е жедна за таква смеа
  • Тајна
  • Томе будилникот
  • Езерско волкче
  • Дете и птица

Технички податоци[уреди | уреди извор]

Збирката „Игра на прозорец“ била објавена како заедничко издание на неколку издавачки куќи: Мисла, Наша книга, Македонска книга, Култура и Детска радост. Таа служела како задолжителна лектира за трето одделение во основното образование на СР Македонија така што доживела повеќе изданија. Изданието од 1990 година има 80 страници и било отпечатено во печатницата на НИПРО „Нова Македонија“. Илустрациите во книгата се дело на Божидар Дамјановски, а Александар Каевски ја обликувал корицата и го извршил графичкото уредување. Книгата е каталогизирана во Народната и универзитетската библиотека „Климент Охридски“, Скопје (на самата книга по грешка е ставена каталогизацијата на книгата „Јаготки“ на Цане Андреевски), но без меѓународната ознака ISBN.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Генади Болиновски, Игра на прозорец, Скопје: Култура, Наша книга, Мисла, Македонска книга, Детска радост, 1990.
  2. Генади Болиновски, Игра на прозорец, Скопје: Култура, Наша книга, Мисла, Македонска книга, Детска радост, 1990.