Зона погодна за живот

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај

Зона погодна за живот во астрономијата е зона/реон во вселената каде условите се погодни за живот онакви како што се на Земјата. Постојат две зони кои треба да бидат погодни, едната во рамките на планетарниот систем и другата во рамките на галаксијата. Планетите и месечините во овој реон се кандидати за постоење на живот, па според тоа способни да создадат вонземски живот сличен на нашиот.

Во нашиот Сончев систем меѓуѕвездената зона погодна за живот се протега на растојание од 0,95 до 1,37 астрономски единици.

Gliese 581 d, последната од четирите планети на ѕвездата црвено џуџе Gliese 581 (околу 20 светлосни години од Земјата), е најдобар пример на пронајдена далечна екстрасоларна планета која орбитира во зоната погодна за живот во вселената.[1]



[уреди] Наводи

  1. Mayor et al. (2009). „The HARPS search for southern extra-solar planets,XVIII. An Earth-mass planet in the GJ 581 planetary system“. „Astronomy and Astrophysics. http://obswww.unige.ch/~udry/Gl581_preprint.pdf. 

[уреди] Надворешни врски

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици