Зелена мантела

Од Википедија — слободната енциклопедија
Зелена мантела
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Водоземци
Ред: Жаби
Семејство: Мадагаскарски жаби
Род: Мадагаскарски шарени жаби
Вид: M. viridis
Научен назив
Mantella viridis
Пинтак и Беме, 1988

Зелена мантела (Mantella viridis) е вид на жаба од семејството на мадагаскарски жаби (Mantellidae). Видот е ендемски во Мадагаскар. Нивното живеалиштe е суптропски или тропски суви шуми, реки, повремени реки, и силно деградирани поранешни шуми. На видот му се заканува губење на живеалиште.

Опис[уреди | уреди извор]

Зелената мантела е мала жаба. Мажјаците се долги 22−25 мм а женките 25−30 мм. Некои од жабите се јавуваат во жолта боја. Нивното лице е црно со бела лента околу горната усна. Долната страна на жабата е црна со сини дамки. Женските видови се претежно поголеми и имаат поквадратна муцка. Тие се критично загрозени поради загуба на живеалиштата и прекумерната трговија на животни.

Живеалиште[уреди | уреди извор]

Видот живее во северен Мадагаскар и просперира во суви ниски шуми на надморска височина од 50 и 300 метри.

Исхрана[уреди | уреди извор]

Зелените мантели јадат мали инсекти како мравки и вински мушички. Тие исто така јадат меко овошје. На зелената мантела и е потребна вода, како и на повеќето жаби, но тие не ја внесуваат водата преку пиење. Нивната пропустлива кожа овозможува апсорбирање на вода.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Green Mantella Frog“. Oakland Zoo. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 3 September 2013.

Извори[уреди | уреди извор]