Западна Фризија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Денешниот регион Западна Фризија во рамките на Холандија.

Западна Фризија (холандски: West-Friesland; западнофризиски: West-Fryslân) е современ регион во северозападниот дел на Холандија, во состав на покраината Северна Холандија.

Општина[уреди]

Регионот зафаќа површина од околу 800 км² и е окружен со Западнофризискиот кружен трап (Westfriese Omringdijk). Поделен е на следниве општини:

Име литературен
холандски
локално
наречје
[1]
Алкмар Alkmaar Alkmar
Андејк Andijk Andoik [2]
Венхејзен Venhuizen Venhûze [3]
Верверсхоф Wervershoof Wurrevershouf [2]
Дрехтерланд Drechterland Drechterland
Енкхејзен Enkhuizen Henkhúze
Когенланд Koggenland Koggeland
Лангедејк Langedijk Lengedoik
Медемблик Medemblik Memeloik
Нидорп Niedorp Nierup [4]
Опмер Opmeer Obmar / Opmar
Стеде Брук Stede Broec Stee Broek
Схаген Schagen Skagen
Харенкарспел Harenkarspel Harenkarspel [5]
Херхуговард Heerhugowaard Heerhugoweerd / Heregeweerd
Хорн Hoorn Hoorn

Поголеми градови се Хорн и Алкмар.

Наречје[уреди]

Традиционалниот говор на регионот e западнофризиското наречје (Westfriesk) на холандскиот јазик, кој сосем различен од западнофризискиот јазик (Frysk, офиц. хол. Westerlauwers Fries) Денешниот регион има слична големина и местоположба на некогашниот округ („гау“) Вестфлинге, самиот дел од многу поголемата историска област Западна Фризија.

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. Се мисли на западнофризиското наречје на холандскиот јазик
  2. 2,0 2,1 Поранешна општина; во 2011 г. влегла во состав на Медемблик.
  3. Поранешна општина; во 2006 г. влегла во состав на Дрехтерланд.
  4. Поранешна општина; во 2012 г. влегла во состав на Холандс Крон.
  5. Поранешна општина; во 2013 г. влегла во состав на Схаген.

Надворешни врски[уреди]