Ермелин (хералдика)

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Грбот на некогашното војводство Бретања
Грбот на Монако со наметка со ермелинска постава

Ермелинот во хералдиката е го претставува зимското крзно на ермелинот (бело со црно опавче). За една раскошна облека потребно е да се сошијат голем број на крзна, кои даваат шара од црни дамки на бела позадина. Опавчињата се дел од самата боја, а не фигури, иако опавчето (црна дамка) се користи и како поединечна фигура (честопати како знак на каденција). Низ вековите ермелинските точки имале различни форми; најчесто се среќаваат во облик на три перчиња на крајот (најдолу), кои се соединуваат во врв (најгоре), прикачени со клинче.

Кај ермелинската лента, опавчињата ја следат линијата на лентата (дијагонално).

Контра-ермелинот е обратен ермелин – полето е црно посеано со сребрени опавчиња.

Златниот ермелин е ермелин со златно наместо сребрено поле, додека пеон е обратна верзија на златниот ермелин (т.е. златни опавчиња на црно поле).

Постојат и комбинации со други бои, како „црвено ермелинизирано сребрено“ (црвено поле посеано со бели ермелински опавчиња).

Видови ермелин[уреди]

Видете исто така[уреди]

Библиографија[уреди]