Ел-Фатиха

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Ел-Фатиха
'الفاتحة'
FirstSurahKoran.jpg
Ел-Фатиха
Класификација : Меканска
Значење на називот Отворање
Други називи Ум ул-Китаб
Ум ул-Куран
Клуч
Број на сура 1
Време на откровение раните години на пратеништвото
Статистика
Број на руки 1
Харф-е-Мукатат Нема
Број на ајати по конкретни теми „Славење на Алах“: 3
„Врската помеѓу Создателот и созданијата“: 1
„Молитва на човештвото“: 3
Број на сиџди Нема


„Ел-Фатиха“ (арапски: سورة الفاتحة, Отворање) — првото поглавје на светата книга Куран. Содржи седум стиха како молитва за Божјето поведување по вистинскиот пат и нагласување на господарството и милоста Божја. Ова поглавје игра посебна улога во традиционалните дневни молитви, со тоа што се рецитира на почетокот на секоја единица молитва (реќат).

Толкување и значење на сурата Ел-Фатиха[уреди]

Муслиманите веруваат дека Куранот е Божје откровение/објава, на арапски јазик. Преводите на било кој друг јазик се сметаат само за површни „толкувања“ на значењето, а не веродостојни верзии на Куранот. Затоа се користат за лични/духовни потреби на оние кои не знаат арапски. Еве ваков превод на македонски (со латинична транслитерација на арапскиот оригинал).


Отворање

1:1 Во името на Алах, Милостивиот, Сомилосен!

Bismillāhir rahmānir rahīm

1:2 Благодарноста Му припаѓа на Алах, Господарот на Световите,

Al hamdu lillāhi rabbil 'ālamīn

1:3 Милостивиот, Сомилосен,

Ar rahmānir rahīm

1:4 Владетелот на Судниот Ден!

Māliki yawmid dīn

1:5 Ние само Тебе Те обожуваме и само од Тебе помош бараме!

Iyyāka na'budu wa iyyāka nasta'īn

1:6 Упати нѐ на патот вистински,

Ihdinās sirāt al mustaqīm

1:7 на патот на оние врз кои ја разлеа Твојата благодет, а не на патот на оние кои гневот Твој го предизвикаа и не на патот на оние кои во заблуда скршнаа!

Sirātal ladhīna an'amta 'alayhim ghayril maghdūbi 'alayhim walād dāālīn

По рецитирањето се вели „Амин“.

Откровение[уреди]

Исламската веронаука, меѓу другото, се занимава и со тоа каде овие зборови му биле објавени на Мухамед - на пример, дали додека тој бил во Мека или во Медина. Според Ибн Абас и други, сурата Ел-Фатиха е Меканска сура; според Ебу Хурејре и други, ова е Мединска сура. Првиот став е општоприфатен.

Статистика[уреди]

Оваа сура содржи 7 стиха, 29 збора и 139 букви (или 25 и 120, ако не се брои првиот стих), иако Ибн Кесир вели: „Веронаучниците велат дека Ел-Фатиха се состои од 25 збора и дека содржи 113 букви.“ Потпаѓа под првиот хизб, и затоа првиот џуз, кои се делови од Куранот.

Претходна сура:
Сура 1 Следна сура:
Ел-Бекара
Куран

1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 25 26 27 28 29 30 31 32 33 34 35 36 37 38 39 40 41 42 43 44 45 46 47 48 49 50 51 52 53 54 55 56 57 58 59 60 61 62 63 64 65 66 67 68 69 70 71 72 73 74 75 76 77 78 79 80 81 82 83 84 85 86 87 88 89 90 91 92 93 94 95 96 97 98 99 100 101 102 103 104 105 106 107 108 109 110 111 112 113 114

Преводи, толкувања и образложенија на сурата Ел-Фатиха[уреди]

Многу учени ја потенцираат важноста на оваа глава во нивните дела.

Сурата Ел-Фатиха се кажува 17 пати дневно, броејќи ги само фарзовите (задолжителни) намази (молитви), од секој активен муслиман во светот. Таа е сржта на Исламот.